fbpx

Министерот Шаќири ќе побара итна проценка на безбедносните ризици во училиштата

Целта е да се намалат сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина

-

По случувањата во Србија со двата масакра со огнено оружје што се случија неделава, министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска информираше оти ќе им предложи на владата и безбедносните органи да извршат итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како што е ТикТок.

„Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи“, се наведува во изјавата на министерот Шаќири.

Целта е да се намалат сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

„Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот“, вели министерот за образование.

Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите дека вчера 13-годишен малолетник во училиште во Чаир вперил пластичен пиштол-играчка кон свои соученици, додека 16-годишен средношколец од Скопје на социјална мрежа објавил закана по живот кон професори.

Против средношколецот МВР ќе поднесе кривична пријава до обвинителството за сторено кривично дело за загрозување на сигурноста, додека со 13-годишниот малолетник понатаму ќе постапува Центар за социјални работи.

Од полицијата денеска информираа дека полициски службеници од полициската станица Центар при СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички од средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица. За случајот е известен и јавен обвинител и Центар за социјални работи.

Инаку, од Либерал-демократската партија (ЛДП) денеска официјално побараа забрана на ТикТок во земјава, но и забрана за игри и апликации кои промовираат насилство и построга контрола на филмовите. Пратеничката Моника Зајкова вели дека својот предлог ќе го достави до владата, а со него би се предвидело и забрана за вежбање на малолетници на стрелишта и најостра контрола за издавањето и поседувањето огнено оружје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...