fbpx

Министерството за образование меѓу учениците ја промовира електронската адреса за пријавување врсничко насилство

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска се сретна со учениците од струшкото средно училиште „Нико Нестор“ каде биле разменети искуства и идеи за тоа како да се елиминираат сите облици на меѓуврсничко насилство

-

Да промовираме мир, соживот и пријателство, наместо омраза и насилство. Превенцијата е најважна, но и доколку се случи меѓуврсничко, или било каква форма на насилство врз младите од повозрасните, тоа не смее да се премолчува. Затоа и отворивме електронска адреса – [email protected], на која секој може да достави пријава по која веднаш ќе се постапува“, рече денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на дружбата со учениците од струшкото средно училиште „Нико Нестор“ каде биле разменети искуства и идеи за тоа како да се елиминираат сите облици на меѓуврсничко насилство.

Шаќири на учениците им порачал дека само љубезноста, меѓусебната почит и толерантното однесување можат да придонесат кон градење на мирна и хармонична училишна средина, наместо да се прифаќаат трендови кои можат да доведат до нарушување на меѓусебните односи и дефокусирање од суштината на воспитно – образовниот процес.

„Затоа е важна честата дискусија и во рамки на училиштето и во рамки на семејството за вредностите со кои ќе станете уште подобри луѓе“, им порачал Шаќири на учениците.

Во соопштението на Министерството за образование се вели дека министерот од учениците слушнал многу конструктивни предлози и дека тие всушност точно знаат што е потребно за зачувување на училишниот мир.

„Дел од овие идеи ќе бидат вметнати во протоколите кои ги подготвуваме во моментов, а ќе служат за постапување во рамки на училиштата при детекција на случаи на насилство“, вели Шаќири.

Тој додаде дека кај сите граѓани е зголемена свесност за последиците од насилството, кои, како што рече, можат да бидат катастрофални, какви што беа во соседна Србија и затоа сите треба да се залагаме за елиминирање на потенцијалните фактори кои би можеле да иницираат насилно однесување кон поединци или групи на ученици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...