петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Јетон Шаќири | 96 резултати

Фестивал за инклузија: Лицата со попреченост заслужуваат многу повеќе

октомври 28, 2022

Оваа седмица започна со многу емоции и многу љубов. Присутните на Фестивалот за инклузија кој се одржа во понеделникот не можеа да ги задржат солзите. Тие плачеа од воодушевување кога по работилниците за креативно изразување за лица со и без попреченост и работилницата за развивање на комуникациски вештини низ дружење со лица со оштетен вид […]

Јетон Шаќири: Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство

октомври 22, 2022

Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во интервју за Новинската агенција Мета.мк, коментирајќи ги неофицијалните најави дека зимава е можно да се врати онлајн учењето поради енергетската криза. Но, како што додава тој, за да се одржи наставата со физичко присуство потребно е, покрај МОН, […]

Министерот Шаќири се сретна со победниците на натпреварот „NASA Space Apps Challenge“

октомври 13, 2022

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари средба со средношколците од „Зеф Луш Марку“, „Раде Јовчевски – Корчагин“ и „Орце Николов” од Скопје, кои победија на националниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“. Шаќири им честиташе го постигнатиот успех и освоеното прво место и истакна дека натпреварите како „NASA Space Apps Challenge“ се дел […]

Министерот за образование Јетон Шаќири на средба со директорот на Британскиот совет, Питер Браун

октомври 6, 2022

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Британскиот совет Питер Браун денес по средбата на која разговараа за идните проекти соопштија дека Британскиот совет продолжува со интензивна поддршка на образовниот систем во Северна Македонија. Според МОН, во серијата планирани активности се работи и на подготовките за најголемиот светски собир на министри од […]

Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

август 11, 2022

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во […]

Дигитализацијата е возможна мисија само ако се гради на здрава ИТ основа

јули 27, 2022

Нови дигитални материјали за учење како дел од новата Концепција за основно образование, електронски алатки, интерактивни табли, електронско пријавување за упис во средно училиште, електронско аплицирање за стипендија, за студентско легло во студентски дом, водење евиденција во електронски дневник… Ова се само некои од можностите и услугите кои се дел од образовниот систем во С. […]

Шаќири: 800 ученици и 100 наставници од земјите во регионот учат за толеранција и мир

јули 5, 2022

Мораме да ги научиме младите генерации да бидат насочени кон дијалог, кон градење мир и кон поголемо меѓусебно почитување. Да пораснат во луѓе без предрасуди, да соработуваат и да разменуваат искуства верувајќи дека така ќе придонесат за подобар живот во сопствената земја, а со тоа и во регионот. Ова го истакна министерот за образование и […]

Приемниот испит би покажал кој колку знае, најавата на министерот ги подели граѓаните

јуни 28, 2022

Слабите резултати кои ги покажаа учениците што конкурираа за упис во гимназијата „Орце Николов“ на квалификацискиот тест, го отвори прашањето за враќање на приемниот испит во образовниот систем, како начин за селекција на стотиците кандидати со просек 5,00. И министерот Јетон Шаќири во изјава за Мета неодамна кажа дека не е исклучена можноста за воведување […]

Шаќири: Ќе ги анализираме петките, па ќе одлучиме дали ќе воведеме приемен испит

јуни 24, 2022

Побарав од секторите за основно и за средно образование да направат анализа на резултатите што ги остваруваат учениците во последните три години и врз основа на тоа, но и врз основа на искуствата во земјите каде што се полага приемен испит за упис во средно образование, ќе процениме дали и кај нас да воведеме. Ова […]

Повеќе од 14.500 ученици аплицирале за упис во средно, утре треба да ги приложат документите и во училиште

јуни 15, 2022

Повеќе од 14.500 пријави се пристигнати во базата на податоци на системот за електронско аплицирање на учениците за прва година во средните училишта, информираше денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Овој модел на упис за прв пат се воведува годинава. Вработените во училиштата пак, со кои поразговаравме, рекоа дека чекаат да им биде […]

Возвратете ѝ на државата која ве школувала, им рече Шаќири на дипломците на ФИНКИ

јуни 15, 2022

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование. Ова денеска го истакна министерот за образование […]

Математичките гении Или и Македон на средба со министерот за образование Шаќири

мај 19, 2022

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска се сретна со двајцата млади генијалци за математика: 13 – годишниот Или и 7 – годишниот Македон. Денеска двајцата беа на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој рече дека двајцата се иднината на земјава. „Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да […]

Економскиот институт – Скопје ја одбележа 70-годишнината од неговото постоење [фото]

мај 19, 2022

Економскиот институт – Скопје вчера свечено ја одбележа 70-годишнината од неговото основање во 1952 година. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири. Директорот на […]

Со договореното покачување, наставникот што сега има 26.000 денари плата, би имал 29.900

мај 18, 2022

Во посредство на помирувач, поминаа 19 дена од процесот на помирување и преговори, во кој Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите околу висината на платите на вработените во образование. По последната синоќешна средба, министерот Јетон Шаќири соопшти дека почнувајќи со исплата од септември, платите […]

Регионални центри за подобра ефикасност на промените во средното стручно образование

април 20, 2022

Министерството за образование и наука (МОН) и УНДП креираа документ со конкретни насоки за тоа како понатаму да се развиваат Регионалните центри за стручно образование и обука, кои треба да бидат водечки образовни установи за стручна подготовка на граѓаните за да се намалува невработеноста. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на […]

МОН е подготвено да пренамени дел од средствата за покачување на платите во образованието

април 13, 2022

Министерот за обрзование и наука Јетон Шаќири во вчерашното гостување на Телевизија Алсат-М истакна дека МОН е подготвено да пренамени дел од буџетските средства со цел доближување до процентот на покачување на платите кој го бара Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). „Како министер за образование и наука, подготвен сум да направам отстапки од […]

Министерот за образование Јетон Шаќири засега не планира да ангажира заменски наставници

април 12, 2022

Засега не е планирано да ангажираме заменски наставници кои би работеле наместо оние кои во моментов се во штрајк, изјави за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Денеска синдикалците во образовениот сектор втор ден штрајкуваат барајќи поголеми плати, па во многу училишта низ државата не се одржува настава. „Нема да ангажираме заменски наставници […]

Општеството потфрла во човечноста, бојкотот предизвикува болка кај децата со Даунов синдром

февруари 3, 2022

Од денес четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради тоа што директорот Зијадин Нуредини и наставниците попуштиле под притисокот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Ембла вчера, како што […]

Порталб.мк: Тетово, студентскиот дом кој се ветува од 2016 година, повторно се ветува за следната академска година

јануари 30, 2022

Се ветува од 2016 година, сепак студентскиот дом во Тетово се уште не е завршен, надлежните досега само ги продолжуваа роковите и ветувањата за негово завршување, последен беше поранешниот заменик министер за образование Арафат Шабани кој рече дека работите ќе завршат пред нова година, а новиот министер за образование Јетон Шаќири не прецизираше нов рок, […]

Второто полугодие ќе започне на 1 февруари со физичко присуство, учебната година ќе заврши во редовниот термин

јануари 27, 2022

Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Така одлучи вчера Владата на седмата редовна седница врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, истовремено повикувајќи на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство. „Ги имаме […]

Страна 4 од 5