fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП-Скопје

ЈСП-Скопје информира дека дневниот билет почна да се продава и во возилата на скопскиот јавен превоз. Тој чини 120 денари и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 5 до 24 часот. Досега, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците...

Скопските советници одлучија средношколците да се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Овој летен распуст околу 23.000 средношколци ќе може да го користат јавниот превоз во Скопје бесплатно заради посетување дополнителна настава, часови по практична настава, како и за посета на културни, спортски или други активности, одлучи денеска Советот на Град Скопје на 13-та седница. „Изминатите години бесплатниот билет им важеше само за време на учебната година, а за месеците од летниот...

За една година регистрирани дополнителни 59.000 возила на македонските патишта [инфографик]

Бројот на граѓани и компании кои имаат сопствено возило за само една година се зголемил за загрижувачки 59.000. На крајот од 2021 година, во Македонија биле регистрирани 559.418 возила на патиштата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во периодот на ковид-19 пандемијата, постои засилено зголемување на стапката на моторизација на населението во земјава. Колку за споредба, во...

ЈСП: Ученичките бесплатни билети за јавен превоз важат до 10 јуни, а за средношколците до 20 јуни

Поради завршувањето на учебната година 2021/2022, од понеделник (13.06.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - Скопје. Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни. Основците/средношколците (не важи за средношколците кои...

Со такси се патува шест пати повеќе отколку со воз, иако е најеколошки транспорт [инфографик]

Поделбата на патници кај различните видови на превоз во меѓуградскиот и градскиот превоз во земјава покажува загрижувачки резултати од аспект на емисиите на стакленички гасови и учеството на транспортот во аерозагадувањето. Возот како најеколошко средство за масовен превоз на патници најмалку се користи, додека такси превозот било второто најкористено средство за јавен превоз лани во Македонија. Податоците на Државниот завод...

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии за да се возат...

По исклучувањето од сообраќај на линијата број 19, ЈСП Скопје денеска доби нов в.д. директор

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) доби нов директор, една седмица откако на претходниот в.д. директор Иван Илиевски, кој на функцијата беше само пет месеци, му беше прекинат мандатот. Назначувањето доаѓа во време кога јавниот автобуски превоз во Скопје е нарушен и линиите 19 и 20 речиси не функционираат бидејќи приватните превозници се револтирани од тоа што Град Скопје...

Aвтобусите со број 19 не сообраќаат бидејќи Град Скопје не им плаќа на превозниците

Автобусите со број 19, кои сообраќаат во рамки на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, се исклучени од сообраќај. Граѓаните се принудени да пешачат со километри за да фатат други линии со цел да стигнат до саканите дестинации. Според приватната компанија „Макекспрес“ која стопанисува со оваа линија, Град Скопје не им исплатил средства за превоз од февруари и заради тоа...

Директорот на ЈСП си заминува пет месеци по назначувањето, Град Скопје вели му истекол мандатот

По помалку од пет месеци од назначувањето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, в.д. директорот на ЈСП-Скопје, Иван Илиевски заминува од директорското место на најзначајното јавно претпријатие во главниот град. Веста ја објави порталот СДК.МК, од каде наведуваат дека директорот Илиевски вчера ја доставил оставката до градоначалничката Арсовска. Од СДСМ, пак, соопштија дека наместо да воведе нови автобуси и бесплатен...

Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите мерки освен маски во јавен превоз и здравствени установи

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и...

Скопскиот јавен превоз со неделен возен ред за велигденските празници, ќе има дежурни билетарници

ЈСП-Скопје ги информира граѓаните дека скопскиот јавен превоз за време на претстојните велигденски празници ќе сообраќа по неделен возен ред в петок (22 април), сабота (23 април), недела (24 април) и понеделник (25 април). Исклучок ќе биде утрешниот ден, кога автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А,...

Наесен Скопје ќе може да почне со реорганизација на автобуските линии од јавниот превоз

Првата фаза од изработката на Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз во Скопје е завршена, а до крајот на септември треба да биде целосно готов стратешкиот документ со кој треба да се реорганизира скопскиот јавен превоз, информираат за Мета.мк од Градот Скопје. „Во изминатиов период се започна со анализа на постоечката состојба на јавниот превоз...

Линијата „4“ од денеска поминува крај пазарот и црквата во Ѓорче Петров, сменети возни редови на пет линии

ЈСП-Скопје соопшти дека од денеска, линијата „4“ ќе изменета траса на движење, заедно со усвоените уште четири други измени на линиите од градско-приградскиот превоз. Од денеска линијата „4“ вози по малку изменета траса, односно во правец кон Хром наместо да врти лево на кружниот тек кај Порта Влае, продолжува право покрај пазарот и потоа на кружниот тек кај црквата „Свети...

Пуштен во продажба посебен дневен билет за јавниот автобуски превоз во Скопје

ЈСП Скопје соопшти дека од денеска во билетарниците и центрите за персонализација на јавното превозно претпријатие од денеска може да се купи поединечен дневен билет, по цена од 120 денари. Станува збор за посебен билет, кој важи за возење на сите линии на јавниот автобуски превоз се до крајот на денот, односно најрано може да се поништи во 5 часот,...

Сојузот на средношколци од МОН и Данела Арсовска побараа бесплатен јавен превоз во сите општини

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) денеска одржа прес-конференција пред зградата на Министерството за образование и наука, на која ги изрече новите реформски дејства на кои работеше изминатиов период: меѓународна соработка, бесплатен јавен превоз за сите средношколци и демократско средношколско организирање. Во однос на барањето за бесплатен јавен превоз кое треба да биде достапно за сите средношколци во...

Молк од градските власти за идејата за воведување на градска железница во Скопје

Четиридецениската идеја за воведување на градско-приградска железница како надополнување на јавниот превоз во Скопје не наидува на воодушевување кај новата градска власт. Скопскиот регион располага со 95 километри железничка пруга која што е недоволно искористена во моментов, наспроти преоптовареноста на патната инфраструктура. Уште во 1982 година, скопските градски власти пробале да го воведат јавниот превоз со возови на релациите...

„Шорткат“: Јавниот превоз сè помалку атрактивен за младите

Во фокус на новата епизода на емисијата „Шорткат“ е интересот на младите за користење на јавниот градско-приградски превоз, кој забрзано опаѓа. Младите го користат само затоа што мораат, односно немаат дуга опција. Доколку имаат можност за избор, пак, најголем дел од нив би одлучиле да возат автомобил. Во ова издание на „Шорткат“ ги прикажуваме резултатите од онлајн анкетата што...

Мицкоски со изненадувачки престврт за јавниот превоз во Скопје: Проектот за БРТ не е напуштен

Откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која ја поддржа кандидатурата на Арсовска, во повеќе наврати излегоа со тврдења дека со воведувањето на БРТ, односно „брзи автобуси“ ќе се уништело средишното зеленило на булеварите, ќе се доведе во опасност главната водоводна цевка под булевар Партизански одреди и серија на други критики за проектот, вчера претседателот...

Стручна анализа на професорот Никола Крстаноски: Зошто младите не сакаат да користат јавен превоз?

По објавената анкета на тема користењето на услугите на јавниот превоз од страна на младите, која што Мета.мк ја спроведе заедно со „Студентарија“, универзитетскиот професор на Отсекот сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола, д-р Никола Крстаноски го дава своето стручно мислење во однос на тоа зошто интересот на младите за користење на јавниот превоз постојано се намалува,...

АНКЕТА: Младите користат јавен превоз оти мораат, сонуваат да возат автомобил [инфографик]

Популарноста на јавниот превоз кај нас е во постојан пад, и тоа особено кај младите. Најголемиот дел од младите се корисници на јавниот превоз поради бесплатните билети, бидејќи немаат друг избор. Поголемиот дел од нив уште веднаш, а се подразбира и понатаму во иднината, за свое превозно средство би го избрале автомобилот, доколку имаат можност за тоа. Доцнењето или понекогаш...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...