fbpx

Линијата „4“ од денеска поминува крај пазарот и црквата во Ѓорче Петров, сменети возни редови на пет линии

-

ЈСП-Скопје соопшти дека од денеска, линијата „4“ ќе изменета траса на движење, заедно со усвоените уште четири други измени на линиите од градско-приградскиот превоз.

Од денеска линијата „4“ вози по малку изменета траса, односно во правец кон Хром наместо да врти лево на кружниот тек кај Порта Влае, продолжува право покрај пазарот и потоа на кружниот тек кај црквата „Свети Апостол Петар и Павле“, врти лево и вози по булевар „Македонска војска“, па продолжува лево по улица „Ѓорче Петров“ и кај кружниот тек со споменикот на Ѓорче Петров, врти десно по улица „Воин Драшковиќ“ до крајната/почетната постојка во населбата Хром.

Во обратен правец, од Хром кон населбата 11 Октомври, исто така автобусите ќе возат по новата траса.

Новиот режим на сообраќање е согласно измената на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, која беше донесена на последната Седница на Совет на Град Скопје, со која се усвоија и нови возни редови за повеќе линии, односно линиите 4, 4а, 64а, 73 и 163, кои се достапни на веб страницата на ЈСП Скопје.

„Посочените корекции се направени врз основа на искажаните потреби на корисниците на јавниот превоз и извршените анализи на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING, се со цел давање поквалитетни превозни услуги и поголема достапност на корисниците до мрежата на линии“, објаснуваат од ЈСП Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...