Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите мерки освен маски во јавен превоз и здравствени установи

Фото: Мета.мк

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Препораката од Комисијата треба да оди пред Главниот координативен штаб на Владата пред да се најде на владина седница и да биде конечно прифатен

Комисијата за заразни болести порачува дека на дневна основа ја следи состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.