fbpx

Град Скопје на превозниците ќе им исплати 60 отсто од долгот за март, 19-ка и 20-ка ќе возат нормално

-

Приватните автобуски превозници што ги одржуваат градско-приградските линии во Скопје денеска со Градот Скопје постигнаа договор, со што од утре приватните превозници ќе продолжат нормално да сообраќаат на линиите „19“ и „20“. Градот Скопје и приватниот превозник „Макекспрес“ за Порталб.мк потврдија дека е постигнат договор откако вчера граѓаните беа приморани да користат други автобуски линии за да се возат од Шуто Оризари и Чаир кон центарот на Скопје.

Од „Макекспрес“ за Порталб.мк велат дека со Град Скопје постигнале договор да им исплатат 60 отсто од долгот за месец март, а од понеделник ќе се плаќа и авансот за гориво. Другите средства што им ги должи Градот Скопје на приватните превозници ќе бидат исплатени со ребалансот на буџетот на Град Скопје, кој допрва ќе следи.

Од Градот Скопје велат дека за една недела на приватниот превозник тие му надоместиле средства во износ од 8 милиони денари, а во текот на следните денови на приватниот превозник ќе му бидат надоместени скоро четвртина од наследениот долг кој Градот Скопје го има кон овој приватен превозник.

Инаку, градоначалничката Данела Арсовска денеска го именуваше Александар Стојковски за нов директор на ЈСП-Скопје, и тоа една седмица откако на претходниот в.д. директор Иван Илиевски, кој на функцијата беше само пет месеци, му беше прекинат мандатот.

Од опозициската партија СДСМ во Град Скопје денеска реагираа поради тоа што градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не им го исплатиле долгот на приватните превозници, додавајќи дека Градот Скопје не успева да менаџира ниту со постојниот јавен превоз во главниот град.

Порталб.мк уште вчера објави дека граѓани од општините Чаир и Шуто Оризари се соочиле со редуцирање на редовниот возен ред на јавниот превоз, поради несообраќањето на најголем дел од автобусите на линиите „19“ и „20“. „20“ целосно се опслужува од приватните автобуски превозници, како и најголемиот дел од поаѓањата на линијата „19“. Поради сето ова, граѓани од овие две општини вчера не беа информирани и подолго време чекаа на автобуските постојки, доцнеа на работа и беа приморани да се прикачуваат на други автобуски линии, во кои се создаде дополнителен метеж во автобусите.

По исклучувањето од сообраќај на линијата број 19, ЈСП Скопје денеска доби нов в.д. директор

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создадени само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...