„Шорткат“: Јавниот превоз сè помалку атрактивен за младите

Во фокус на новата епизода на емисијата „Шорткат“ е интересот на младите за користење на јавниот градско-приградски превоз, кој забрзано опаѓа. Младите го користат само затоа што мораат, односно немаат дуга опција. Доколку имаат можност за избор, пак, најголем дел од нив би одлучиле да возат автомобил. Во ова издание на „Шорткат“ ги прикажуваме резултатите од онлајн анкетата што ја спроведовме на Инстаграм.

Над 60 отсто од учениците потврдиле дека во нивните училиштата често има насилство, но најголем дел од нив не знаеле каде и кај кого да го пријават за да останат анонимни, покажа истражувањето на Тинк-тенк организацијата Аналитика. Повидливо е физичкото, но присутни се и психичкото и интернет насилството.

На по 4 години затвор се осудени основачот и администраторот на групата „Јавна соба“. Тие се гонеа затоа што дозволиле објавувување на детска порнографија.

Загинаа 90 деца, а повеќе од 100 се повредени од почетокот на руската инвазија во Украина. Волонтерката Алисон Томпсон, која се наоѓа таму, за „Шорткат“ раскажува низ што поминуваат луѓето.

Новите вести за млади ќе бидат објавени вечерва во 19:00 часот, на нашите канали на Јутјуб, Инстаграм и Фејсбук.