Aвтобусите со број 19 не сообраќаат бидејќи Град Скопје не им плаќа на превозниците

-

Автобусите со број 19, кои сообраќаат во рамки на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, се исклучени од сообраќај. Граѓаните се принудени да пешачат со километри за да фатат други линии со цел да стигнат до саканите дестинации. Според приватната компанија „Макекспрес“ која стопанисува со оваа линија, Град Скопје не им исплатил средства за превоз од февруари и заради тоа возачите еден по еден ги исклучувале автобусите. Велат, не можат да ги покријат трошоците, пишува Порталб.мк.

Автобуската линија 19, кој тргнува од Шуто Оризари до Карпош и обратно, е долга помеѓу 11,5 и 12 километри. Вчера попладне, како и денеска, автобусите не сообраќаа бидејќи Град Скопје, на чело со Данела Арсовска, не им исплаќа средства на сопствениците на автобусите.

„Бесплатни автобуси за сите граѓани“ – беше главниот проект на Арсовска, што таа го вети за време на изборната кампања, но 7 месеци откако победи на изборите, денеска граѓаните кои ја користат линијата 19 немаа можност да патуваат ниту со пари.

Поради ова во текот на вчерашниот ден, во време кога работниците се враќаат од работа, но и учениците од настава, десетици граѓани мораа да чекаат со часови 19-ка, која воопшто не дојде. Исто така, 19-ката не сообраќаше ниту утрово и граѓаните беа принудени да пешачат со километри за да патуваат со други автобуски линии, или да патуваат со такси, алтернатива која е многукратно поскапа.

Од компанијата „Макекспрес“ велат дека сопствениците на автобуси кои сообраќаат на оваа линија едноставно немаат финансиски средства за да работат.

„Не сме платени за февруари, исто март, април и еве сега е мај. Луѓето потрошија сè што имаа резерви и ги исклучуваат автобусите еден по еден, не затоа што сакаат, туку немаат можност. Од каде!? Треба да даваш од домашниот буџет! Финансиски не можеме да опстанеме“, велат за Порталб.мк од „Макекспрес“.

Ниту од Јавното сообраќајно претпријатие, ниту од Град Скопје не одговорија на прашањата на новинарите на Порталб, зошто овие средства не се исплатени, иако градот е обврзан да издвои пари од буџетот што го добива токму од граѓаните за финансирање на градскиот превоз, вклучувајќи ги и овие автобуси.

Граѓаните со месеци наназад се жалат дека автобусите со број 19 не се придржуваат до возниот ред и тоа создава хаос. Тоа го потврдуваат и од „Макекспрес“, објаснувајќи дека причината е што постепено се намалувал бројот на автобуси.

„Намалувањето почна од септември наваму. Сè се чувствува. Доволно е да недостасува еден автобус и да се створи гужва“, велат од претпријатието.

Според контролата што Порталб.мк ја спроведе последната недела, возниот ред на линијата 19 воопшто не се почитува. Според возниот ред објавен на веб-страницата на ЈСП, од 8 до 9 часот треба да циркулираат 8 автобуси, но всушност има само 3, или на секој половина час, во 8, 8.30 и 9 часот, со тоа што понекогаш и овие автобуси се случува воопшто да не дојдат.

Граѓаните се жалат дека нередовното сообраќање на оваа линија им прави проблеми во секојдневниот живот, односно одење и враќање од работа, училиште или болница.

„МАКЕКСПРЕС“ управува со 5 автобуски линии кои вршат јавен превоз, односно 19, 20, 22, 52 и 54.

Предупредуваат дека иста ситуација може да се случи и со другите линии, бидејќи не им се платени финансиските средства.

Инаку, од 2016 година во рамките на ЈСП сообраќаат и приватни автобуси. Според тогашната одлука на Советот на Град Скопје, им се плаќа 61 денар за изминат 1 километар.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...