fbpx
Таг: јавен превоз

таг: јавен превоз

Електрични автобуси: Ќе чинат повеќе, ќе бараат изведба на полначи, а ЈСП да вработи дополнителен кадар

Во изминатиот период остваривме комуникација со многу производители, во завршна фаза сме и во подготовка на тендерска процедура за набавка на најмалку 100 електрични автобуси, но и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси. Овие зборови вчера ги изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како негова визија за тоа како треба да се развива организираниот...

Јавниот превоз во Скопје лани со само 30 милиони патници, ќе почекаме на 250-те нови автобуси [инфографик]

ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници во 2021 година превезле вкупно 29.797.130 патници. Бројот на патници е зголемен за повеќе од 2 милиони во однос на 2020 година, но сепак бројката лани е речиси двојно помала во споредба со користењето на јавниот превоз од граѓаните пред појавата на ковид-19 пандемијата. Колку за потсетување, во 2019 година градско-приградските линии во Скопје...

ЈСП уште чека одговор на барањето за владина помош поради зголемените цени на метанот

Помина еден месец од барањето на ЈСП-Скопје за Владата на РСМ да донесе одлука за субвенционирање на работењето на Јавното сообраќајно претпријатие, коешто од почетокот на годинава се соочи со повеќе од двојно зголемување на цената на метанот. „И покрај официјалното доставено барање до Владата преку Град Скопје, сѐ уште немаме добиено никаков одговор“, велат за Мета.мк од ЈСП-Скопје. Зголемувањето на...

Плаќаме најскап метан во соседството иако „Газпром“ за февруари ја намали цената за околу 13 отсто

Руската компанија „Газпром“ со „Макпетрол“ постигнале договор за намалување на цената на метанот (компримираниот природен гас - ЦНГ) за околу 13 отсто во земјава. Па така, наместо 110 денари за килограм, од вчера на бензинските станици на „Макпетрол“ еден килограм метан може да се набави за 96 денари за килограм. Проблемот со метанот во земјава настана од 1 јануари годинава,...

Обезбеден е организиран превоз за учениците и студентите со попреченост

За ученици и студенти со попреченост е обезбеден организиран превоз од нивното место на живеење до средните училишта и факултетите во Скопје каде што учат и студираат и назад со адаптирани возила, информираат од Град Скопје. Организираниот превоз на учениците и студентите со попреченост кои следат настава во средните училишта или факултетите во Град Скопје ќе се реализира со адаптиран автобус и минибус комбе. Од...

Навршуваат два месеци од прекинот на јавниот превоз во Тетово, граѓаните бараат да се врати

Поминаа околу два месеца откако јавниот превоз во Тетово се прекина, што според општинските власти, беше направено поради неправилности во претпријатието. Денеска, по толку време, граѓаните бараат враќање на истиот, а тетовскиот градоначалник вели дека претпријатието има акциски план кој наскоро ќе биде споделен со јавноста, додека в.д. директорот на јавното сообраќајно претпријатие не одговара на телефонските повици и...

Порталб: Жителите на Липково сите услуги ги вршат во Куманово, но немаат јавен превоз

Општина Липково со над 30.000 жители нема општински јавен превоз ниту во нејзини рамки, ниту пак меѓуопштинска линија со градот Куманово. Тоа е неопходно, бидејќи жителите на Липково најголем број услуги вршат во Куманово. Градоначалниците на двете општини велат дека се заинтересирани за отворање линии меѓу овие две општини, но не прецизираат кога тоа може да се случи, пишува...

И граѓаните од околните градови го чекаат бесплатниот јавен превоз во Скопје

Патувањето со воз или автобус од околните градови им предизвикува големи трошоци на граѓаните од Куманово, Велес и Тетово, коишто секојдневно патуваат на работа, школо или по други обврски во главниот град. Од градовите коишто гравитираат околу Скопје има дневен прилив на илјадници граѓани, коишто имаат избор да патуваат со автомобили, коишто го зголемуваат сообраќајниот метеж и проблемот со...

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со...

Вистиномер: Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за ветување дадено во изборниот циклус од сегашната градоначалничка на Скопје: Ветување: Во првите 82 дена од мојот мандат преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акционен план ќе ги исчистиме дивите депонии во градот. Ќе го промениме линискиот ред на градскиот сообраќај, а редовни ноќни линии ќе...

Вистиномер: Не е точно дека ЈСП го поскапе превозот – воведен е само нов тип дневен билет од 120 денари

Билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како што најави ЈСП, ќе им биде од полза на туристите, на тие што сакаат да...

За празниците јавниот превоз во Скопје ќе работи по неделен возен ред

Од Јавното Сообраќајно Претрпиајтие Скопје информираат дека за време на предстојните празници, односно утре четврток (6.01.2022 год - Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год - Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено.

Новата година ќе почне со помалку автобуси во јавниот превоз во Скопје

Поради новогодишното празнување и поради зимскиот распуст за учениците, јавниот автобуски превоз во Скопје ќе биде редуциран од полноќ до 20 јануари, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ - ЈСП. Измените ќе ги опфатат и автобусите на градското превозно претпријатие и на приватните превозници. Поради Нова Година, утре, првиот ден на 2022 година, автобусите ќе почнат да сообраќаат најрано во 7.05 часот...

Од денеска повторно ќе сообраќаат ноќните линии на ЈСП-Скопје

Ноќните линии во скопскиот јавен превоз се воведуваат од денеска, информираат од Град Скопје. Во ноќните часови ќе сообраќаат 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б. Притоа, автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секојдневно, додека преостанатите линии ќе бидат во функција во деновите од викендот или...

ЕБОР за БРТ-то во Скопје: Проектите се предмет на многу детална проверка пред да ги одобриме

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) презема многу сериозна одговорност во однос на транспарентноста на проектите кои ги поддржува, како и за информирање на јавноста, се вели во одговорот од ЕБОР до Мета.мк на прашања за реализацијата на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Новата градоначалничка на...

ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова година

По речиси две години нефункционирање поради ковид-19 пандемијата, новото градско раководство денеска информираше оти планираат жичарата на Водно да ја пуштат во употреба до Нова година. На денешниот брифинг со новинарите, новиот директор на ЈСП-Скопје Иван Илиевски рече дека се дезинфицираат кабините, се проверуваат техничките можности на жичарата и хортикултурно се уредува зеленилото по трасата, за да може да профункционира...

Берлин воведе билети за јавен превоз со масло од коноп што се јадат

За да го покрене расположението меѓу жителите во пресрет на Божиќните и Новогодишните празници, властите од Берлин издадоа посебни билети за јавен превоз што содржат масло од коноп. Откако ќе се искористи билетот во машините за валидација, тој може да се изеде. Берлинските власти велат дека ваквиот потег може да има смирувачки ефект кај корисниците на јавниот превоз, олабавувајќи...

За СДСМ одлуката за БРТ-то на Арсовска е скандалозна, за ВМРО тоа е проект со сомнеж за корупција

По донесената одлука на новото раководство на Градот Скопје да ја стопира тендерската постапка за избор на изведувач на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ во Скопје, со своја реакција денеска излегоа од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција рече дека е скандалозен потегот на градоначалничката Данела Арсовска да го прекине проектот...

Град Скопје: Тендерот за изградба на првата БРТ-линија е стопиран, нема понуди од компании

Вчера заврши првата фаза од тендерската постапка за изградба на првата линија од брзиот автобуски превоз - БРТ од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Тендерската постапка што е објавена на веб-страницата на ЕБОР предвидуваше заинтересирани компании за учество на тендерот до Градот Скопје да ги достават своите претквалификациски понуди. Од Градот Скопје за Мета.мк информираат дека тендерската постапка е стопирана...

По само 4 месеци од воведувањето, во Тетово времено е укинат јавниот превоз

Општина Тетово времено го укина јавниот превоз во градот по само 4 месеци откако истиот беше воведен, а за којшто беа набавени и нови автобуси. Новото општинско раководство вели дека ќе треба да се среди хаосот што владеел во јавното претпријатие „Тетово Транспорт“. Се работело без да се платат придонеси за вработените, а фирмата работи нерегистрирана. Локалните власти велат дека...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...