Директорот на ЈСП си заминува пет месеци по назначувањето, Град Скопје вели му истекол мандатот

-

По помалку од пет месеци од назначувањето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, в.д. директорот на ЈСП-Скопје, Иван Илиевски заминува од директорското место на најзначајното јавно претпријатие во главниот град. Веста ја објави порталот СДК.МК, од каде наведуваат дека директорот Илиевски вчера ја доставил оставката до градоначалничката Арсовска.

Од СДСМ, пак, соопштија дека наместо да воведе нови автобуси и бесплатен автобуски превоз, кои беа главни ветувања на новата градоначалничка Арсовска, директорот на ЈСП си поднел оставка.

„Оставката на директорот на ЈСП Скопје е втора оставка на директор на некое јавно претпријатие под ингеренции на Град Скопје во рок од само шест месеци. Очигледно дека и директорите на јавните претпријатија почнаа да бегаат од Данела Арсовска и нејзината неспособност. Толку од менаџерските способности на Арсовска“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од Град Скопје потврдуваат дека Илиевски не е повеќе директор на ЈСП-Скопје, наведувајќи дека на в.д. директорот му истекол мандатот во јавното претпријатие. Веќе во следната реченица од соопштението на Град Скопје, наместо истекол, стои дека му престанал манданот.

Инаку, Градот Скопје го промовираше назначување на Илиевски за директор на ЈСП-Скопје на 13 декември лани, што значи тој на чело на ова претпријатие бил помалку од пет месеци.

„Постапката за избор и именување на нов В.Д. Директор на ЈСП е во тек. На досегашниот директор градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му се заблагодари за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследи со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие со неговиот добар менаџмент и посветена работа, претпријатието го остава во добра организациска поставеност, решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Градските власти велат дека во следните денови ќе биде објавено кој ќе раководи со ЈСП-Скопје.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...