fbpx

Скопскиот јавен превоз со неделен возен ред за велигденските празници, ќе има дежурни билетарници

-

ЈСП-Скопје ги информира граѓаните дека скопскиот јавен превоз за време на претстојните велигденски празници ќе сообраќа по неделен возен ред в петок (22 април), сабота (23 април), недела (24 април) и понеделник (25 април). Исклучок ќе биде утрешниот ден, кога автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 ќе возат по делничен возен ред.

Утре и в недела, од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

В сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.

Жичарницата утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник нема да сообраќат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...