„Бој Харшер“ доаѓаат на концерт во МКЦ – Скопје на 14 мај

Извор на фотографија: ROTKO Books & Music

„Бој Харшер“, едно од најголемите имиња на електронската дарк вејв сцена ќе одржат концерт во Скопје на 14 мај од 22 часот во Младинскиот културен центар, информираат организаторите „ROTKO Books & Music“.

„Концертите на американскиот врвен електронски бенд „BOY HARSHER“ ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето“, велат организаторите на фестивалот.

Истата вечер вечер ќе настапи и пост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „ХАЈД“ (HIDE). Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата.

Официјалниот афтерпарти на овој настан ќе се оддржи во клубот „Минус еден“ со диџеј сетови на Martchin и Andreas Hz од колективот BTKRSH, информираат организаторите.