fbpx

Порталб: Еден ден откако започнаа, работите на улица „Страшо Пинџур“ прекинати

-

Во вторникот почнаа, а вчера работите за реконструкција на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово беа стопирани.

Од Општина Тетово се правдаат дека ова е побарано од листата „Подобро за Тетово“. Но, од таму негираат такво нешто и ја повикуваат општината да изнесе докази дека тие побарале прекин на реконструкцијата и велат дека нивните реакции се однесуваат на сечата на дрва, пишува Порталб.мк.

Од Општина Тетово информираа дека од вчера работите ќе бидат стопирани, а ќе продолжат откако советниците на „Подобро за Тетово“ ќе дадат предлози за продолжување на работите, меѓутоа најголем дел од дрвата во оваа улица се исечени, и тие не можат да се вратат назад.

„Општина Тетово ги известува граѓаните, сопствениците на деловни локали на улицата „Страшо Пинџур“ и сите граѓани од селата кои минуваат низ истата, дека од денеска ќе прекинат работите што започнаа вчера поради реакциите и несогласувањата создадени од советниците на „Подобро за Тетово“. Општината ќе чека појаснување од советниците од Листата „Подобро за Тетово“, околу нивните реакции и нивниот предлог за да се продолжи со работа. Сите ја разбираме важноста на животната средина и поради тоа рековме дека ќе бидат засадени нови дрвја. Бараме прошка и разбирање од граѓаните за прекинот на работите, но гарантираме дека по решавањето на споровите работите ќе почнат според планираното“, соопштија од Општина Тетово.

Листата „Подобро за Тетово“ не ја дочека добро реакцијата на општината, бидејќи како што велат причината наведена од Општината за прекин на работите не стои, бидејќи тие како советничка листа немаат никаква извршна функција во Општина Тетово, и дека не поседуваат механизми за стопирање или продолжување на работите во градот.

„Листата „Подобро за Тетово“ нема побарано прекин на работите на улицата „Страшо Пинџур“, одлуката за стопирање на работите е произволна и е еднострана одлука на раководството на Општина Тетово. Нашата вчерашна реакција се однесува на загриженоста на граѓаните за штетите на животната средина и нетранспарентниот начин на работа. Јавно ја изразивме нашата загриженост, а заради транспарентност побаравме објаснување. Раководството на општината јавно вети дека ќе престане со непотребното сечење дрвја и ќе изнесе елаборат со кој се оправдува потребата од сечење на останатите дрвја. Ја потсетуваме пошироката јавност дека новото раководство на општината се заколна дека животната средина, транспарентноста и отчетноста се главните столбови за кои се залагаат. Сепак, вчерашната акција и самоволниот прекин на работата денес го докажуваат спротивното. Животната средина е оштетена, досега не е претставен елаборат за предвидената работа и никој не одговара за тоа“, велат од „Подобро за Тетово“.

Од листата бараат Општина Тетово да приложи докази дека „Подобро за Тетово“ побарале прекин на работите на улицата „Страшо Пинџур“.

Сечата на дрвјата не беше добро прифатена ниту од опозициските советници во општинскиот совет, при што сите на своите социјални мрежи го критикуваа овој потег. Но, не само од нив – критики имаше и од граѓаните и граѓанските организации како „Еко Герила“, „Мајка и дете“, „Тетово сака парк“ и други.

Градоначалникот Билал Касами завчера најави дека дрвјата ќе се заменат со нови садници, а патот ќе се направи согласно сите стандарди, вклучително и водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, а за да се спроведе сето тоа, според него, старите дрвја требаше да се отстранат и да се заменат со нови.

Инаку, работите на улицата „Страшо Пинџур“, една од главните сообраќајници среде Тетово, започнаа во предизборниот период, но по локалните избори 2021 година со доаѓањето на чело на општината Билал Касами ги прекина работите со образложение дека проектот за асфалтирање не ги исполнува критериумите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...