По исклучувањето од сообраќај на линијата број 19, ЈСП Скопје денеска доби нов в.д. директор

-

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) доби нов директор, една седмица откако на претходниот в.д. директор Иван Илиевски, кој на функцијата беше само пет месеци, му беше прекинат мандатот. Назначувањето доаѓа во време кога јавниот автобуски превоз во Скопје е нарушен и линиите 19 и 20 речиси не функционираат бидејќи приватните превозници се револтирани од тоа што Град Скопје не им префрлил пари од февруари наваму поради што ги исклучиле автобусите од сообраќај.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска на испразнетото место го назначила Александар Стојковски, претходно вработен во ЈСП Скопје.

Стојковски е дипломиран машински инжинер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, велат од Град Скопје.

Од таму повторно стигна уверување дека ќе се исполни изборното ветување на Арсовска за бесплатен јавен превоз за сите.

„ЈСП Скопје ќе продолжи со сите расположливи средства и ресурси да го опслужува јавниот превоз во интерес на скопјани. Уверени сме дека ќе продолжи домаќинското работење, оптимизацијата на трошоци и консолидирање на претпријатието, како еден од предусловите кон отпочнување на следната фаза до конечно исполнување на ветувањето на градоначалничката Арсовска за бесплатен јавен превоз“, се вели во соопштението од Град Скопје, од каде тврдат дека ЈСП Скопје во првото тромесечие од годинава имало позитивно салдо, а приходите се зголемени за над 60 отсто во однос на минатата година.

Мандатот на претходниот в.д. му беше прекинат на 4 мај, а на функцијата беше назначен на 13 декември лани.

Инаку, како што објавивме вчера, линиите 19 и 20, што ги опслужуваат приватните превозници не функционираат бидејќи Град Скопје не им исплатил средства за превоз од февруари, и еден по еден автобусите се исклучуваат од сообраќај.

Од компанијата „Макекспрес“ велат дека сопствениците на автобуси кои сообраќаат на оваа линија едноставно немаат финансиски средства за да работат.

СДСМ денеска реагираше на оваа состојба со соопштение, велејќи дека три месеци Градот Скопје, предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им нема платено на приватните автобуски превозници.

„Затоа од денеска тие повеќе не сообраќаат на редовните линии. Со ваквиот прекин, сериозно е редуциран редовниот возен ред на јавниот превоз, но уште пострашно е што цели населени места од денеска се без јавен превоз. Арсовска пред изборите ветуваше бесплатен автобуски превоз, 250 нови еколошки автобуси и се откажа од 70 милиони евра за проектот „Бас рапид транзит“. Сега се гледа дека таа не успева да менаџира ниту со постојниот јавен превоз, толку од нејзините менаџерски способности со кои ги лажеше граѓаните“, обвини СДСМ.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...