Арсовска: Јавниот превоз ќе биде бесплатен за две години

-

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинари, најави дека се работи на реорганизација на ЈСП.

Иако на третиот ден откако дојде на новото работно место, за време на нејзината прва средба со новинарите, замоли за разбирање од јавноста и рече дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе се фокусира на реализација на нејзините ветувања, меѓу кои е и реализацијата на бесплатниот јавен превоз, денеска соопшти дека овој проект ќе се реализира за две години.

„Се работи на програмата што ја имавме зацртано, односно се преземаат првите чекори од етапното воведување бесплатен автобуски превоз. Ревизијата во ЈСП Скопје е започната, се детектираат сите слабости во работењето на ова претпријатие. Како што знаете, ова претпријатие е тежок загубар, а целта на новото раководство е да овозможи претпријатието да работи со оптимално намалување на трошоците, зголемување на приходите и овозможување непречено функционирање со сето она што може да се направи во следниот период. Најпрвин, претпријатието да излезе од долговите, второ – да се овозможи да се воведе бесплатен превоз, првично на оние категории на коишто им беше ускратено ова право и трето – изнаоѓање начини за детектирање на финансиски средства преку донатори за набавка на прва транша на автобуси, а понатаму ќе видиме како ќе биде финансирањето“, рече Арсовска.

Градоначалничката порача дека ЈСП Скопје ја почнува реализацијата на проектот од предизборната програма „Скопје без заборавени населби“, односно, продолжување на автобуските линии од линискиот превоз онаму каде што ги нема.

„Запознаени сте дека има голем број места каде што за жал јавниот превоз не е достапен и покрај тоа што има технички можности за тоа, а жителите на тие места пешачат по 2, 3 и повеќе километри за да стигнат до најблиската автобуска станица. Во финална фаза е постапката за нов линиски ред, воведување ноќни линии, воведување зачестени линии онаму каде што се потребни имајќи предвид дека имаме ситуации на одредени локации каде што само два пати во текот на денот пристигнува автобус, што го ограничува начинот на корисниците на јавниот превоз од подалечните локации да стигнат дома“, образложи Арсовска.

Во однос на проектот „Бас Рапид Транзит“ (БРТ) и неговото стопирање Арсовска изјави дека покрај сите проблеми кои веќе се познати за самиот БРТ систем,  посебно проблематично е што е донесен без да биде изгласан од Советот на Град Скопје.

Арсовска објасни дека Градот Скопје изминатиов период спроведува голема акција за чистење на околу 120 диви депонии кои се детектирани преку пријави од граѓани од сите населени места. Таа додаде дека покрај создавањето диви депонии, еден од најгорливите проблеми е и нивното палење, зашто со тоа се загрозува животот и здравјето на граѓаните и нагласи дека тоа нема да се толерира.

„Почнавме со неселективно казнување на сите оние кои ќе бидат затекнати како создаваат и палат депонии, а со тоа го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните. Во моментов службите создаваат систем за следење на состојбите, со кој покрај следењето на депониите коишто се веќе исчистени со дрон, активно ќе се работи на пријави од граѓани со цел да се спречи нивното повторно создавање“, категорична е Арсовска.

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...
Oblivion Remastered Screenshot from Steam

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку...