четврток, 11 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Јагода Шахпаска | 55 резултати

Шахпаска – Галовеј: Ја интензивираме соработката со Велика Британија, положбата на Ромите е приоритет

2 ноември 2021

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на ковид-криза. „Успешно ја реализираме втората фаза […]

Почнува со работа РЕДИ Рециклажа, зградите во Аеродром и Карпош да се пријават за селекција на отпад

3 октомври 2021

Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа официјално го најави своето почнување на активности кои ќе го подобрат животниот стандард и работа на неформалните собирачи на отпад и ќе ја подобрат состојбата на животната средина во Република Северна Македонија. РЕДИ Рециклажа ќе воспостави систем за примарна селекција на отпад преку мапирање на станбени згради во Општините Аеродром и […]

Шахпаска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители

2 октомври 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска беше во посета на малиот групен дом (МГД) во Берово, кој е прв од таков вид во нашата држава, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Како што велат оттаму во моментов во овој дом се згрижени четири деца, а за нив се грижи тим од […]

Шахпаска најави нов закон за вработување на лицата со попречености

23 септември 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод одбележувањето на 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик, учествуваше на тркалезна маса на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“, во организација на Националниот сојуз на глуви и […]

Досега вакцинирани речиси 60 отсто од вработените во градинките и училиштата

1 август 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска објави дека 59 отсто од вработените во градинките се вакцинирани. Таа ги повика и останатите 40-тина проценти кои не се вакцинирани да го направат тоа за да има безбеден престој на децата во градинките. „Во изминатиов период вработените во градинките, воспитувачки, негувателки и технички персонал, сериозно пристапија […]

Со нови законски измени, уште 1.100 стечајци ќе добиваат месечен надомест од 9.242 денари

13 јули 2021

Според новиот Предлог-Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, кој беше денеска усвоен на Влада, се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци. Тие ќе добијат можност за месечен надомест од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена во претходната година. Со последната […]

Шахпаска: За период од 15 години, во предучилишните установи се вклучиле 5.000 деца, Роми

5 јули 2021

Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешниот завршен настан за постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца […]

Над 60 отсто од жените во руралните средини се невработени, потребни се мерки за нивно учество на пазарот

14 јуни 2021

Околу 62 отсто од руралните жени не работат, односно не се активни на пазарот на трудот поради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47 отсто од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми, што е поразителен податок. Тие се соочуваат со социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и […]

Заложба на Владата е унапредување на сексуалните и репродуктивните права на жените, вели Шахпаска

10 јуни 2021

Меѓу главните постигнувања на Владата е борбата против дискриминацијата, за потврда е и донесениот Закон за заштита и спречување на дискриминација, според ЕУ директивите и меѓународните стандарди, со кој ќе се овозможат еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната панел […]

Шахпаска на МОТ: Успеавме да ја задржиме стабилноста и да ги зачуваме работните места

10 јуни 2021

Министерката за труд и социјална политика смета дека поддршка на компаниите за зачувување на работните места и помошта за најранливите категории граѓани за полесно пребродување на кризата, биле зачувани како врвни приоритети на Владата. „Со тоа, се успеа да се задржи економската стабилност во државата и да се спречи губењето на работни места“, истакна Шахпаска […]

Шахпаска: Целосна интеграција на Ромите преку повеќе проекти, е приоритет на Владата

9 јуни 2021

Интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата и за таа цел се реализираат повеќе проекти за нивна поддршка и за намалување на разликите кај населението. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020, при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин […]

Шахпаска-Демири: Нови шанси за вработување со програмите од Оперативниот план 2021

25 мај 2021

Од денеска на граѓаните повторно им се достапни програмите и мерките од Оперативниот план 2021, за кои во изминатиот период имаше најголем интерес, информираа на денешната прес-конференција, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. Тие потенцираа дека граѓаните и работодавачите добиваат уште една дополнителна шанса да […]

Националниот акциски план за ЛГБТИ е изработен, невладините стравуваат за неговото усвојување годинава

17 мај 2021

По повод 17 мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, Делегацијата на ЕУ во Скопје организираше панел дебата на која учествуваа амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, пратеничката Маја Морачанин како координатор на Интерпарламентарната група за поддршка и права на ЛГБТ заедницата, […]

Груби и Шахпаска денеска се вакцинираа против ковид-19, порачуваат и граѓаните да се пријават

10 мај 2021

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се вакцинираа против ковид-19. Груби се вакцинираше во вакциналниот пункт во поликлиниката Чаир, додека Шахпаска ја прими првата доза на вакцина на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“. Шахпаска во изјава за […]

За поддршка на работниците од неформалната економија, владата и општините треба повеќе да соработуваат

7 мај 2021

Централната и локалната власт треба да ја зацврстат и зголемат соработката за поголема помош и поддршка на социјално ранливите групи граѓани, а особено на оние кои се во неформалниот сектор и најмногу ги чувствуваат последиците од ковид пандемијата и кај кои е најголема опасноста од екстремна сиромаштија и заболување поради немање постојани приходи. Станува збор […]

Шахпаска: Заводот за рехабилитација во Бања Банско ќе прерасне во современ давател на социјални услуги

6 мај 2021

Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско ќе ја прошири дејноста со  повеќе социјални услуги за рехабилитација и реинтеграција на лицата со попреченост заради нивно вклучување на пазарот на трудот, најави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, при посетата на Заводот во Општина Струмица. Тоа е дел од процесот на деинституционализација […]

Шахпаска на состанок со ФООМ: Продолжуваме со реализација на заложбите за потребите на ранливите категории

5 мај 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн работен состанок помеѓу Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и претставници од Министерството за труд и социјална политика, соопштија од ова министерство. Како што велат оттаму целта на состанокот била осврт на постигнатите резултати во рамки на четвртиот Национален Акциски план за Отворено […]

Шахпаска: Состојбата со ковид-19 во градинките е стабилна, очекуваме зголемување на групите

5 мај 2021

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на дневно ниво ја следи состојбата со пандемијата со ковид-19 во градинките. Анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот. Според досегашните информации, минимален е бројот на заболени деца од корона вирус и не бележи тенденција на раст. Ова денеска го […]

Породилното да трае 12 месеци, татковците да имаат 10 дена отсуство, предвидува новиот Закон за работни односи

29 април 2021

Породилното отсуство на мајките можно е да изнесува 12 месеци, наместо сегашните 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето. Ова, меѓу другото, се новините во новиот текст на Закон за работни односи (ЗРО), кој е во фаза на подготовка и се очекува почетната верзија да биде […]

Слепите лица за првпат ќе добијат дигитална апликација аудио читач

27 април 2021

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, започна процес на изработка на софтвер – апликација која на слепите и лицата со оштетен вид за првпат ќе им овозможи пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Дигиталната апликација […]

Страна 1 од 3