fbpx
Таг: Јагода Шахпаска

таг: Јагода Шахпаска

Шахпаска на состанок со ФООМ: Продолжуваме со реализација на заложбите за потребите на ранливите категории

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн работен состанок помеѓу Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и претставници од Министерството за труд и социјална политика, соопштија од ова министерство. Како што велат оттаму целта на состанокот била осврт на постигнатите резултати во рамки на четвртиот Национален Акциски план за Отворено Владино партнерство 2018-2020 година и...

Шахпаска: Состојбата со ковид-19 во градинките е стабилна, очекуваме зголемување на групите

фото: МТСП
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на дневно ниво ја следи состојбата со пандемијата со ковид-19 во градинките. Анализата покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот. Според досегашните информации, минимален е бројот на заболени деца од корона вирус и не бележи тенденција на раст. Ова денеска го посочи министерката за труд и...

Породилното да трае 12 месеци, татковците да имаат 10 дена отсуство, предвидува новиот Закон за работни односи

Породилното отсуство на мајките можно е да изнесува 12 месеци, наместо сегашните 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето. Ова, меѓу другото, се новините во новиот текст на Закон за работни односи (ЗРО), кој е во фаза на подготовка и се очекува почетната верзија да биде готова во јуни годинава....

Слепите лица за првпат ќе добијат дигитална апликација аудио читач

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, започна процес на изработка на софтвер - апликација која на слепите и лицата со оштетен вид за првпат ќе им овозможи пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Дигиталната апликација – аудио читач, чија...

Во Прилеп прв пат по 40 години почнува изградба на детска градинка

На површина од 5.030 метри квадратни во населбата „Точила“ во Прилеп, денеска е ставен камен темелник на новата детска градинка, која што ќе се гради во Прилеп по 40 години. Објектот ќе биде со капацитет за згрижување на 252 деца, и ќе значи трајно решение на проблемот со недостигот на детски градинки во Прилеп, изразен последните 10-ина години. Според најавите...

Измените во ЗРО за прогласување на неделата за неработен ден одложени за следната година

фатмир битиќи фото: влада на РСМ
Создавањето на предвидливо бизнис опкружување е една од најважните теми за секој стопанственик, па затоа, пред донесување на било какво законско или под законско решение, Владата ќе продолжи отворена дискусија и консултации со бизнис секторот, за да се унапреди деловното опкружување и да се обезбеди предвидливост и одржливост на економските текови. Ова го истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната редовна...

Отворен новиот Центар за лица со интелектуална попреченост за поголем број на корисници

Шахпаска фото: МТСП
Денеска беше отворен новиот дневен Центар за деца и млади со интелектуална попреченост во населбата Топанско Поле, при Јавната Установа Завод за рехабилитација на деца и млади, за што Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку европски фондови, инвестираше 3,5 милиони денари (50 илјади евра). Оваа институција од почетокот на минатата година е во фаза на целосно реконструирање и...

За нови програми за вработување годинава се испланирани 24,5 милиони евра, приоритет се лицата без работа поради пандемијата

План за вработување 2021 фото МТСП
За оваа година се предвидени 1,5 милијарди денари (24,5 милиони евра) за реализација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот, а со него ќе бидат опфатени 10.279 лица. „Целта е да се зајакне и поддржи пазарот на трудот за надминување на последиците од ковид кризата. Планот ќе значи поддршка на оние...

Започнаа обуките за градење капацитети на институциите за имплементација на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените

Со симболично поклопување со 8-ми Март како Меѓународен ден на жената, започнуваат дневните обуки кои имаат за цел градење на капацитети на одговорните институции, задолжени за имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, информираа од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на...

Во прифатниот центар во Визбегово тече попишувањето на бездомните лица

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
За бездомните семејства кои се сместени во прифатниот центар во Визбегово во тек е пописната акција која започна на 1 март и ќе трае до 15 овој месец. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска го посетија овој прифатен центар за поддржано живеење. Според Шахпаска, пописот е многу важна,...

Отворена народна кујна во Шуто Оризари, ќе обезбедува храна за над 300 лица во социјален ризик

Зоран Заев народна кујна Шуто Оризари фото: Влада на РСМ
Во Општина Шуто Оризари денеска е отворена народна кујна која ќе обезбедува храна и оброци за 320 до 380 граѓани во социјален ризик. Оброците ќе се подготвуваат во детската градинка „8 април“, која беше опожарена во 2017 година. Првата фаза од обновата е завршена и дел од градинката веќе функционира, со капацитет да згрижи 150 деца. Министерството за труд...

Отворен Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар

Отворен е првиот Младински ресурсен центар „I can“ во Гостивар за потребите на младите во Полошкиот регион, чија мисија е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот. „Младинскиот ресурсен центар во Гостивар ќе нуди...

Преку ИПА 2 програмата на ЕУ, легализирани 55 и обновени уште девет ромски куќи во Општина Виница

Преку проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во Општина Виница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017, легализирани се 55 ромски куќи и обновени девет во Општина Виница. На денешната посета во ромската населба во Виница, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска истакна дека целта на овој проект е легализирање на домовите...

Се трансформираат посебните училишта во центри каде учениците со попреченост ќе добијат индивидуален пристап

Од следната учебна година секое дете со попреченост пред влезот во образовниот систем ќе оди на проценка на функционалноста за да се определи поддршката што детето треба да ја добие во образовниот систем – образовен/личен асистент, поддршка од други стручни работници, адаптација на просторот, односно разумно прилагодување на училишната средина, укажа министерката за образование и наука, Мила Царовска на...

За месец и пол, 109 вработени во градинки и 33 деца биле позитивни на ковид-19

Согласно последните податоци на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), од првиот ден кога градинките почнаа да примаат деца на 9 септември досега, регистрирани се вкупно 109 вработени лица во градинка кои биле позитивни на ковид-19 и 33 деца кои посетувале градинки, информира министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. - Дел од нив се излезени од период...

Шахпаска ги повика експертите за човекови права да конкурираат за членство во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска ги повика сите оние кои се стручни во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата и ги исполнуваат законските услови, да се јават на огласот за избор на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, што Собранието на РСМ требада го објави во рок 15 дена од стапувањето на сила...

„Гранит“, „Битолска Млекара“ и „Макстил“ се трите најдобро рангирани компании за базбедност и здравје при работа

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ги додели плакетите на трите најдобро рангирани компании, според Националната награда на компанија, со најдобра пракса за безбедност и здравје при работа 2020 година. Изборот го организира националниот Совет за безбедност и здравје при работа. Добитници на признанијата оваа година се компаниите: ГД Гранит, АД – Скопје, Млекара АД – Битола...

Минатата недела 6 деца и 21 вработен во градинките биле позитивни на ковид-19, 309 деца се во изолација

Од отворањето на градинките досега имало 18 деца и 55 вработени лица што биле позитивни на тестирањето за ковид-19. Евидентно е дека последниве две недели нивниот број се зголемува, истакна денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. „За периодот од 9 до 16 октомври имаме дополнителни 6 дечиња и 21 вработен во градинките кои се позитивни на ковид-19....

Шахпаска: Нема по секоја цена да ги чуваме градинките отворени

Во моментот 44 деца од градинките во државата се во изолација, откако се утврдило дека биле во контакт со заболени со ковид-19. Меѓутоа, како што оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заболените деца заразата не ја добиле во градинките, заболените вработени во голем дел се вратени на работа, а состојбата е под контрола. „Не по секоја цена...

Шахпаска: Регистрирани 15 деца и 44 вработени во градинките кои се позитивни на ковид-19

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска информираше дека од отворањето на градинките на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на ковид-19. „Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација. Здравствената состојба на сите нив е добра,“ одговори Шахпаска на новинарско прашање. Таа додаде дека не е изненадувачки што,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...