fbpx

Шахпаска: Со инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат

-

Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. Ја изработивме и апликацијата Аудио – читач, за слепите и лицата со оштетен. Градиме инклузивни градинки, ги вклучуваме сите деца во предучилишното образование. За роднините што се грижат за лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од платата доколку работат со скратено работно време, а за оние над 64 години возраст обезбедуваме еден вид на пензија, со цел да имаат економска сигурност.

Со овие реформи се пофали министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во денешното обраќање на меѓународната конференција за демографска отпорност што се одржува во Софија, Република Бугарија, во организација на УНФПА и Владата на Република Бугарија.

Министерката додаде дека преку сеопфатни политики и мултинституционален пристап се гради инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаа еднаков пристап за напредок и развој. „Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги, порача министерката“, рече Шахпаска.

Таа презентираше и дел од проектите на Министерството за труд и социјална политика за инклузијата на лицата со попреченост, но и политики за спречување на сите форми на дискриминација, спречување на насилството врз жените, како и унапредување на родовата еднаквост. Истовремено информираше и дека социјалните услуги како што се помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот ја примаат 900 корисници на територијата на целата држава од страна на 300 негуватели.

„Со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за прв пат го воведовме родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основи за дискриминација. Интензивно работиме на имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, а подготвуваме и сосема нов Закон за родова еднаквост. Со овој Закон ја зајакнуваме положбата и статусот на жените во општеството, преку три нови механизми и тоа Совет за родова еднаквост, Секретаријат за родова еднаквост и Ресурсен центар“, нагласи министерката Шахпаска.

На конференцијата, насловена „Обликување на европската демографска иднина“, главна тема беше демографската отпорност во услови на големи демографски промени. На конференцијата се разговараше за родовата еднаквост како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени.

Во рамки на Меѓународната конференцијата министерката Шахпаска имаше средби и со Галаб Донев, вице-премиер за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика во Бугарија, Наталија Канем, извршна директорка на УНФПА, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...