fbpx

Шахпаска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители

-

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска беше во посета на малиот групен дом (МГД) во Берово, кој е прв од таков вид во нашата држава, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Како што велат оттаму во моментов во овој дом се згрижени четири деца, а за нив се грижи тим од 3 стручни лица (едукатори) и две негователки. Стручните профили на едукаторите се: специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник и одделенски наставник.

„Малиот групен дом во  Берово функционира како куќа на децата со нивните едукатори и негователи, во вид на семејно опкружување, и остварува соодветна квалитетна грижа за децата надвор од нивните биолошки семејства. Крајната цел на работата со децата од Мал групен дом е изградба на општествено корисна личност која ќе биде целосно социјализирана и интегрирана во општествените текови на модерното живеење. Оваа цел пред се се остварува со долг, стабилен и топол однос од страна на едукаторите кон корисниците и континуирано работење и следење на децата“, истакна министерката Шахпаска.

Според МТСП, значењето на улогата на стручните лица во групниот дом е голема. Тие посветуваат особено внимание на градење на добар меѓусебен однос помеѓу децата  и на релација едукатор – дете. Со нивна помош, преку индивидуална работа се поттикнуваат талентите на децата и се откриваат нивните интереси, се детектираат и се работи на отстранување на пропустите од интелектуален и емоционален катактер.

Притоа, велат од МТСП, на тој начин се создава чувство на припаѓање и заедништво, а во таа смисла се организираат заеднички посети на културни манифестации во градот и пошироко, како и учество на спортско-рекреативни активности.

„Малиот групен дом, како вонинституционална форма на згриживање на деца без родители и родителска грижа, се покажа навистина успешен. Продолжуваме со деинституционализацијата како процес и кај лицата со попреченост во форма на живеење со подршка“, рече министерката Шахпаска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...