fbpx

Шахпаска: Со Стратегијата за родова еднаквост до 2026 ќе овозможиме еднаква видливост на жените и мажите

-

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите посочи дека целта на Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 е да обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.

Таа додаде дека со Стратегијата ќе се воспостави сеопфатна рамка на активности за унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените.

„Визијата за родова еднаквост значи еднаква видливост на жените и мажите. Еднаква плата за вршење на исти работни задачи со исти образовни и професионални квалификации. Ова е важен предуслов за економски развој на една земја. Многубројните меѓународни анализи и истражувања покажаа дека токму државите со повисок степен на родова еднаквост се и економски поуспешни земји. Концептот едно општество за сите подразбира дека жените и мажите треба да имаат еднакви права, на човечки, социјален, економски и културен развој, како и еднакво учество во граѓанскиот и политичкиот живот“, рече министерката Шахпаска.

Според министерката Шахпаска, со Стратегијата земјава се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во 13 области, меѓу кои и сузбивање на стереотипите и насилството кон жените, креирање на политики и мерки за вработување. Таа оцени дека овој документ значи започнување на нов циклус на работа во кој сите треба активно да придонесуваме. Стратегијата се носи во пресрет на новиот Закон за работни односи.

„Со новиот Закон за работни односи креираме и политики кои го регулираат родителското отсуство и за прв пат со новиот Закон за работни односи воведуваме родителско отсуство за таткото. Креираме политики и за флексибилно работно време, работа со скратено работно време, работа од дома, работа од далечина, заштита на работното место“, рече Шахпаска.

Во програмата за работа 2020-2024 Владата се залага и за зајакнување на жените во економијата и земјоделството, како и вреднување на лидерските потенцијали на жените. Во таа насока донесени се Законот за спречување и заштита од дискриминација. Целта на Владата за наредниот приод е внесувањето на родовиот концепт во буџетските политики кои водат кон креирање на родово сензитивен буџет, од кој имаат еднаква придобивка и мажите и жените.

„Предлог-стратегијата за родова еднаквост 2021-2026“ денес беше единствена точка на дневниот ред на собраниската комисија.  

Покрај обраќањето на министерката за труд и социјална политика, обраќања имаа и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска–Давкова, Ивона Пауновиќ-Бишевац од Канцеларијата на телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Светлана Цветковска од Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика.

Стратегијата за родова еднаквост се донесува за период од шест години и е четвртиот стратешки документ во оваа област. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...