Националниот акциски план за ЛГБТИ е изработен, невладините стравуваат за неговото усвојување годинава

-

По повод 17 мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, Делегацијата на ЕУ во Скопје организираше панел дебата на која учествуваа амбасадорот на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, пратеничката Маја Морачанин како координатор на Интерпарламентарната група за поддршка и права на ЛГБТ заедницата, Давид Тасевски од Субверзивен фронт и Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Министерката Шахпаска како мошне значајни чекори направени од страна на Владата и Министерство за труд и социјална политика изминатиов периодов ги посочи Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен во октомври 2020 година и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, донесен во јануари 2021 година.

Таа информираше дека во Законот за спречување и заштита од дискриминација експлицитно се наведени како основи за дискриминација, сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Законот е усогласен со сите ЕУ директиви, меѓународни стандарди за човекови права како и мислењата на Европската комисија, Венецијанската комисија, Обединетите нации и ОБСЕ. Ова законско решение, истакна таа, регулира и избор на Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Таа посочи дека стигнала потврда за напредокот за 12 позиции на нашата држава на  Rainbow мапата која ја дава сликата за тоа како изгледа Европа во поглед на состојбата со човековите права на ЛГБТИ лицата. Согласно податоците на оваа мапа, Република Северна Македонија за 2020 година е рангирана на 33 позиција од вкупно 49, односно бележи скок за 12 позиции во однос на претходната година.

Давид Тасевски од Субверзивен фронт на денешната дебата рече дека во 2020 година била отворена отворена националната линија за ЛГБТИ луѓето, на која работат професионалци лица што нудат совети, а годинава во Скопје е отворен скопскиот квир центар како советувалиште кое нуди психо-социјални услуги за ЛГБТИ луѓето. Тој сепак се запраша дали државата ќе понуди помош во иднина за функционирањето на советувалиштето.

„Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ги спроведуваме обуките за недискриминација и говор на омраза во која се вклучени јавни и државни службеници. На обуките поминаа 325 вработени“, изјави Давид Тасевски од Субверзивен фронт.

Тој ја побара поддршката од ЕУ за усвојување на Националниот акциски план за ЛГТБТИ луѓето, кој е приближување до европското законодавство. Од Субверзивен фронт стравуваат дека планот може да не биде усвоен годинава.

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир ја отвори дебатата и посочи дека државата ќе ја добие потребната поддршка од ЕУ во борба против трансфобијата.

Пратеничката Маја Морачанин истакна дека заедничките дебати и состаноци придонесуваат кон поефикасно делување во однос на имплементација на Законите.

„Од аспект на Собранието, по донесување на овој закон и по функционирање на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, се следи имплементацијата на Законот. Дел од чинителите укажаа дека може да следат некои законски измени, бидејќи некои делови не се формулирани, но тоа е вистинскиот начин на кој треба да работиме и доколку има потреба од измени, тоа е работа на Собранието“, истакна Морачанин.

Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација рече дека во изминативе пет месеци од досегашното работење на Комисијата тие имаат две пријави врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

По повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Македонија.

„Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес“, напиша Заев.

Неуспешен пробен лет на „СпејсЕкс“ на Илон Маск, леталото се распадна

„СпејсEкс“ ја лансираше својата ракета „Старшип“ на најновиот пробен лет вчера, но вселенското летало се распадна набргу откако се одвои од ракетниот засилувач „Супер Хеви“. Компанијата на милијардерот Илон Маск соопшти дека...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Неуспешен пробен лет на „СпејсЕкс“ на Илон Маск, леталото се распадна

„СпејсEкс“ ја лансираше својата ракета „Старшип“ на најновиот пробен лет вчера, но вселенското летало се распадна набргу откако се одвои од ракетниот засилувач „Супер Хеви“. Компанијата на милијардерот Илон Маск...