fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Ковид-19 предизвика финансиски штети во транспортот и во првиот квартал од годинава

Ковид-19 пандемијата продолжува да предизвикува финансиски штети и намалување на обемот на работа на транспортот во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во превозот на патници забележано е значително намалување на нивниот број во првите три месеци од 2021 година. Бројот на превезени патници во патниот патнички превоз изнесувал 580.000, во градско-приградскиот превоз 8.562.000, во железничкиот превоз...

Ковид кризата продолжи негативно да влијае на работењето на автобуските превозници во земјава

Автобускиот превоз во земјава и на почетокот од 2021 година со негативни резултати во работењето како резултатот на ковид-19 пандемијата. Во периодот јануари-март 2021 година, во градскиот превоз биле превезени 5.097.000 патници, во приградскиот превоз 3.481.000 патници, во меѓуградскиот превоз 546.000 патници, а со автобус надвор од земјава патувале само 34.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Статистичките...

Анализа на Порталб.мк: Храната со повисоки цени од оние пред седум години-доаѓа ценовен бран

фото: порталб
Ценовното цунами на светските берзи ја зафати и Северна Македонија. Најновите  податоци  за мај покажуваат раст на цените, а со тоа и пораст на трошоците на живот. Народната банка на РСМ за годинава веќе ја зголеми проекцијата за инфлација на 2,2 отсто, пишува „Порталб“. Цените на маслото за јадење и натаму растат. По март, и во април статистичките податоци регистрираа зголемени трошоци на живот за...

Селекцијата на отпадот е скапа инвестиција, македонските општини сами не можат да ја покријат

Една канта за отпад од 120 литри чини 10 евра. При непостоење на селекција неопходен е само тој сад за одлагање на отпадот, додека ако се врши селекција на отпадот, тогаш се неопходни минимум три различни контејнери во кои граѓаните ќе треба да го фрлаат ѓубрето. Ова значи и набавка на посебни комунални возила за собирање на селектираниот отпад,...

Ковид кризата силно го погоди и такси превозот, лани повеќе од тројно намален бројот на патници

Пандемијата на ковид-19 што ја зафати земјава силно го погоди и такси превозот. Граѓаните помалку користат такси превоз за време на корона кризата, што се одрази и на бројките на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), лани во земјава биле превезени 11.083.000 патници. Односно, таксистите од целата земја превезле 10.404.000 патници во градскиот превоз, додека...

Индустриското производство во март зголемено за 7,6 отсто, бројот на вработени намален за 3 отсто

За првпат годинава, индустриското производство во март бележи зголемување. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесувал 107.6, односно пораснал за 7,6 отсто. И покрај ваквиот раст, индексот на индустриското производство во првиот квартал годинава, во однос на периодот јануари - март 2020 година, бележи...

Премалку селектираме отпад во земјава, затоа имаме преполни депонии и минорно рециклирање [инфографик]

Селекцијата на отпадот што го создаваме во секојдневието е прашање на кое македонските граѓани придаваат многу мало значење. Со години наназад, статистичките податоци покажуваат дека измешаниот комунален отпад доминира во количеството што секојдневно го собираат јавните комунални претпријатија и другите субјекти овластени за управување и третман со отпадот. Од 2014 година до денес, период за кој постојат податоци од Државниот...

Општините не успеале да соберат над 280.000 тони комунален отпад минатата година [инфографик]

Македонските граѓани продолжуваат да создаваат огромни количества на комунален отпад, кои општинските комунални претпријатија не успеваат да го соберат и да го однесат до депониите. Во 2020 година, вкупното количество на создаден комунален отпад изнесувало 913.033 тони, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со 2019 година, сме создале за 1 отсто помалку отпад, но далеку поголемо...

Просечната плата во февруари изнесува 27.948 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари година изнесува 27.948 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 102,7, односно просечната плата е зголемена за 2,7 отсто, во однос на онаа од февруари минатата година. Ваквото зголемување е...

За 23 отсто опаднал бројот на ученици во средно образование во последните осум години (инфографик)

За 23 отсто или 20.309 ученици се намалил бројот на ученици во средно образование во последните осум години. Ако се земе просечен број на еден клас од 30 ученици, овој број на ученици би оформиле 676 класови. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на учебната 2012/2013 биле регистрирани вкупно 88.582 додека пак, минатата 2019/2020 година биле...

Бројот на туристи продолжува да опаѓа, во февруари регистрирано намалување од 41,7 отсто

И една година од почетокот на ковид-19 пандемијата во нашата земја, туризмот бележи негативен резултат во однос на бројот на туристи и остварените ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесувал 27.569, а бројот на ноќевањата изнесувал 60.013. Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бил...

АНАЛИЗА: Инфлацијата се „подгрева“ – можно поскапување на увозните производи!

Килограм шеќер 44 денари, литар масло за јадење 95 денари. Цените на основните прехранбени производи растат од почетокот на оваа година. На крајот од кварталот, Државниот завод за статистика и официјално потврди дека трошоците на живот во март во споредба со истиот месец лани се зголемени за 2,1 отсто, пишува Порталб.мк. Дел од трговците со увозна стока – пластика,...

Индексот на цените на мало зголемен за 2,6 отсто во март, цената на маслото повисока за 14 отсто

Индексот на трошоците на животот во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи зголемување од 2,1 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,6 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Споредено со февруари 2021, индексот на трошоците на животот во март 2021 година, изнесувал 100.5, додека индексот на цените на мало...

ДЗС: Во јануари и февруари остварен извоз од 1,3 милијарди долари, за 21,1 отсто повеќе од лани

Вкупниот обем на трговската размена со странство во месеците јануари и февруари годинава изнесува 2,9 милијарди долари, објави Државниот завод за статистика. При тоа, вредноста на извозот на стоки од Република Северна Македонија е 1,3 милијарди долари и бележи пораст од 21,1 отсто, во однос на истиот период од претходната година. Додека, увeзена е стока во вкупна вредност од...

Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен

Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика (ДЗС) нема да ги отпочне пописните активности на терен, информираат од ДЗС. „Со оглед дека е...

Индустриското производство во февруари намалено за 12,2 отсто, бројот на вработени помал за 3,9 отсто

Ковид кризата продолжува негативно да влијае на индустријата во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 87,8, односно истото е намалено за 12,2 отсто во однос на истиот месец лани. Индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос...

Во последните 8 години над 15.000 лица се стекнале со звање магистер или доктор на науки

Вкупно 15.254 лица во земјава во последните 8 години завршиле пост-дипломски студии. Податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека најголем дел од нив, односно 13.565 се стекнале со звање магистер, а останатите 1.689 лица со звањето доктор на науки. Според податоците на ДЗС, минатата година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.758 лица од кои...

Анализа на Порталб: Речиси 1.000 угостители ставиле клуч на врата во кризната 2020 година

Расте бројот на фирми во земјава што ставиле клуч на врата, како и бројот на луѓе што останале без работа. Податоците од Државниот Завод за статистика покажуваат дека само за една година речиси 1.000 фирми од секторот „Други услужни дејности“ одлучиле да го затворат бизнисот. Токму оваа дејност, според официјалните податоци, апсорбира околу 7 отсто од вкупниот број на...

Се попишале уште 11.101 лице, од кои 11 од Северни Маријански Острови, а 3 од Џибути

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на Република Северна Македонија, кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март до денес, информираат од Државен завод за статистика. „Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји дали сте знаеле дека во Џибути...

До утрово попишани речиси 150.000 иселеници, Маричиќ од Брисел ја повика дијаспората на масовно попишување

До утрово во 8 часот, преку веб-апликацијата за самопопишување се евидентирани 148.719 лица од дијаспората што се попишале, информираат од Државниот завод за статистика на нивната веб-страница за пописот. Како и досега, најголем дел од попишаните иселеници од земјава се од Швајцарија, Германија и Италија, а многу помал е бројот на попишани лица во Австралија, Канада и САД. Министерот за...