За 23 отсто опаднал бројот на ученици во средно образование во последните осум години (инфографик)

Архивска фотографија, 15.02.2019 г. | Мета.мк

За 23 отсто или 20.309 ученици се намалил бројот на ученици во средно образование во последните осум години. Ако се земе просечен број на еден клас од 30 ученици, овој број на ученици би оформиле 676 класови.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на учебната 2012/2013 биле регистрирани вкупно 88.582 додека пак, минатата 2019/2020 година биле евидентирани 68.273 ученици.

Забележително е што низ овие шест години опаднал и бројот на ученици кои го повториле класот односно годината во средно. Годишно, просечно 432 ученици ја повториле годината во средното образование.

Инаку, според законската регулатива во земјава, средното образование е бесплатно и задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови утврдени со Законот за средно образование.

Во истите години пак, се регистрирани 15 нови училишта. Ако во 2012/2013 имало 113, лани овој број достигнал 128. Согласно овие податоци, се бележи и минимален пад на наставниот кадар и тоа за -33 наставници, односно од 7.442 на 7.409.

Мета.мк лани објави и за опаднатиот број на дипломирани студенти, а неодмна известивме и за бројот на лица се стекнале со звање магистер или доктор на науки.