fbpx

Ковид кризата продолжи негативно да влијае на работењето на автобуските превозници во земјава

-

Автобускиот превоз во земјава и на почетокот од 2021 година со негативни резултати во работењето како резултатот на ковид-19 пандемијата. Во периодот јануари-март 2021 година, во градскиот превоз биле превезени 5.097.000 патници, во приградскиот превоз 3.481.000 патници, во меѓуградскиот превоз 546.000 патници, а со автобус надвор од земјава патувале само 34.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци велат дека вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.158.000 патници во првото тримесечје од 2021 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44,5 отсто.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, во меѓуградскиот превоз за 51,7 отсто, а во меѓународниот превоз за 60,3 отсто. Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 66,2 отсто.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,8 отсто, во приградскиот превоз за 68,2 отсто, во меѓуградскиот превоз за 58,5 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 49,6 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...