fbpx

Просечната плата во февруари изнесува 27.948 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари година изнесува 27.948 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 102,7, односно просечната плата е зголемена за 2,7 отсто, во однос на онаа од февруари минатата година.

Ваквото зголемување е резултат најмногу на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации (10,1 отсто), други услужни дејности (8,2 отсто) и рударство и вадење на камен (7,5 отсто).

Намалување, пак, на нето-платата во февруари, во однос на претходниот месец, јануари годинава, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен, за 9 отсто, уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита каде имало намалување на платите за 4,1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...