Фото: Мета.мк

Вкупната бројка на пациентите кои се позитивни и суспектни на корона вирусот и се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.641, а има околу 380 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците добиени во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 952 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 124, во Штип 93, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 103. Во ковид центарот во Охрид има 90 болни, во Прилеп 107, во Гостивар 45, а во Струга 19. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 104, во Кочани 25, во Кичево 35, во Кавадарци 58, а во Гевгелија лежат 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последните 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти, а вкупно 689 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели. На Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ГОБ „8 Септември“ имало 11 приеми, 11 и на Инфективната клиника, во Козле се примени 3 нови болни, 8 пациенти на Клиниката за Детски болести, а на Институтот за физикална медицина 3 нови пациенти.

Дома се пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 286 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 139 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36, на Клиниката за детски болести 23 деца, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 53 болни.

Утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направени исписи на оздравени пациенти, да се ослободат и дополнителни места.