Фото: Скриншот од веб-страница на ДЗС

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на Република Северна Македонија, кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март до денес, информираат од Државен завод за статистика.

„Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, а интересни се и бројките по земји дали сте знаеле дека во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн. Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме,“ се вели во соопштението на ДЗС.