fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени [инфографик]

Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Она што најмногу загрижува е фактот дека земјава постепено го губи богатиот шумски...

Младите можат да го најдат патот до сопствен бизнис ако имаат идеја, цел и мотивација

Има шанси во државава за секој млад човек кој својата иднина ја гледа тука, наместо  надвор. Само треба да се биде упорен и да се употребат, како сопствените, така и  можностите и поддршката од институциите кои нудат разни програми со цел да се зголеми вработеноста кај младите луѓе, како и да им се помогне со отпочнување на свој бизнис.  Вака проценува Настасија Штерјова (27г.) која заедно со својата сестра, Михаела (24) пред неколку месеци стартуваа со свој бизнис, отворајќи приватна детска градинка „Малиот...

Пожарите лани проголтале најмалку шумска површина во земјава во последнава деценија [инфографик]

Шумските пожари лани проголтале најмалку хектари површина засадена со дрвја во земјава во последнава деценија. Од палењето на вегетацијата во шумите во 2020 година настрадале вкупно 438 хектари, што е многу помалку во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во изминатава деценија, статистичките податоци покажуваат дека најлоша година за шумите била 2012 година, кога пожарите...

На првиот ден од конкурсот за реонски попишувачи и инструктори, се пријавиле 640 кандидати

Со засилено темпо течат подготовките за спроведување на теренскиот попис на населението што треба да се реализира од 5 до 30 септември годинава. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и за инструктори. Само во текот на првиот ден на јавниот повик, вчера, се пријавиле 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има пријавено кандидати и за...

Ковид пандемијата за 34,5 отсто го намали бројот на студенти и ученици сместени во домовите

Во земјава имаме вкупно 36 домови и интернати, а поради ковид-19 пандемијата во изминатава учебна година во нив биле сместени за 34,5 отсто помалку студенти и ученици во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците, во 2020/2021 година, вкупниот број на ученици и на студенти сместени во домовите за ученици во основното и во...

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да се испуштат во реките,...

Младите најмногу сакаат да студираат за информатичари и лекари, најмалку за уметници [инфографик]

Бројот на лицата кои се запишуваат на факултетите и на високите стручни школи во државата се намалува, а младите најмногу сакаат да учат за електроничари, информатичари и математичари, најмалку за уметници. Тоа го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, факултетите за информатика, медицински и економски науки привлекуваат најголем број на студенти на првиот циклус на студии. Според...

Во земјава лани имало 6.907 дипломирани студенти, најмногу на Филозофски и Економски факултет

Филозофски факултет
Додипломските студии на факултетите во земјава лани ги завршиле вкупно 6.907 студенти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од дипломираните студенти, 4.110 се жени. Во 2020 година, 5.056 од студентите дипломата ја стекнале на државните високообразовни установи, 1.831 завршиле на приватните универзитети, додека 20 лица дипломата ја стекнале на верските факултети. Статистичките податоци покажуваат дека најголем интерес за студирање...

Порталб.мк: За 11 пати зголемен негативниот природен прираст, и селата влегоа во негативна зона [инфографик]

Освен Скопскиот регион, во сите останати седум плански региони лани е регистриран драматичен негативен тренд на природниот прираст на населението, што значи намалување на бројот на новородените, а пораст на смртните случаи, пишува „Порталб.мк“. Според демографите, ова е последица на здравствената криза која резултираше со речиси 5.500 смртни случаи од ковид-19 и поради која државата беше затворена и внатре...

Рекорден негативен природен прираст – лани сме имале 6.724 повеќе починати од родени

Македонија лани забележала рекорден негативен природен прираст на населението како резултат на големиот број починати лица, но и на намалувањето на бројот на живородени деца. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), негативниот природен прираст изнесувал -6.724, така што во 2020 година сме имале 19.031 новороденчиња, додека бројот на починати лица се искачил на 25.755. Притоа, статистичките податоци покажуваат...

Две третини од фекалиите што го создаваме и понатаму завршуваат непречистени во реките и подземните води [инфографик]

Во 2020 година немало напредок во делот на заштитата на водите во земјава од урбаните отпадни води. Две третини од фекалиите што се создаваат во населените места и понатаму завршуваат во реките и подземните води, без притоа да се пречистат. Поголеми пречистителни станици за отпадни води минатата година не профункционираа низ градовите во земјава, па така податоците на Државниот...

ДЗС: Просечната нето плата во април е 28.438 денари, поголема за 10,1 отсто од лани

Во април годинава, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесува  28.438 денари (462 евра), објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците на ДЗС, во тој месец, индексот на просечната исплатена нето-плата, во однос на истиот месец од 2020 година, изнесува 110.1, или платата е зголемена за 10,1 отсто. Додека во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот...

Лани во земјава регистрирани само 685 дивоградби, во некои општини на хартија нема бесправна градба

Арачиново, Валандово, Врапчиште, Вевчани, Дебрца, Дојран, Долнени, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Липково, Крушево и Центар Жупа се само дел од 30-те македонски општини во кои официјално лани се граделе објекти само по прописи. Во овие делови на земјава не се регистрирани бесправно изградени објекти, барем не на хартија. Во реалноста, и во овие помали општини, но и во поголемите...

Пандемијата предизвика во 2020 година да имаме рекорден број на починати – над 25.000 лица (инфографик)

Ковид-19 пандемијата и нејзиното влијание врз здравјето на населението предизвика во С. Македонија во 2020 година да починат за 26 отсто повеќе лица во споредба со претходната година. Лани починале 25.775 жители, и тоа е најголем број на починати на годишно ниво од 1995 година наваму, покажува Годишниот извештај за Морталитетот во Република Северна Македонија. Притоа, ковид-19 се искачил како...

ДЗС: Невработеноста во првото тримесечје паднала за 2 отсто, вработеноста за еден отсто

Во првото тримесечје од 2021 година активното население во Република Северна Македонија изнесувало 943.964 лица, од кои вработени се 793.121, а 150.843 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56 отсто, стапката на вработеност 47,1 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 16 отсто, објави Државниот завод за статистика. За споредба, во првото тримесечје минатата година стапката на...

Само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени [инфографик]

Негативни бројки за (не)постоењето на соодветен третман на индустриските отпадни води во земјава. По серијата на еколошки инциденти кои се случија изминативе месеци со испуштање на води од индустријата непречистени во реките и езерата, Државниот завод за статистика во официјалниот извештај за 2020 година посочува дека само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени. Најголем дел...

ДЗС: Бројот на склучени бракови лани намален за 25,6 отсто, разводи имало помалку за 21,2 отсто

Бројот на склучени бракови во 2020 година, во споредба со една година претходно, е намален за 25,6 отсто и изнесува 10.278, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1.423 или 13,8 отсто се склучени лани во август, а најмалку во месец април, 162 или 1,6 отсто. Во прв брак стапиле 94,1 отсто жени и 92,8 отсто мажи. Додека во втор брак,...

Индустриското производство во април зголемено за 46,1 отсто

Индексот на индустриското производство во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 146,1, односно е поголемо за 46,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Додека во периодот јануари - април 2021 година, спредено со истиот период лани, изнесува 103,7 или индустриското е зголемено за 3,7 отсто. Според податоците, гледано по сектори, индустриското во рударство и вадење...

Ковид пандемијата го зголеми бројот на починати лица за 36 отсто во првиот квартал од годинава

Загрижувачки бројки на Државниот завод за статистика за бројот на починати лица во првиот квартал од 2021 година. Дури 6.925 лица починале во периодот јануари-март 2021 година, што претставува зголемување од 35,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година. „Природниот прираст е негативен и изнесува - 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од бројот...

Просечната нето-плата по вработен во март изнесувала 28.217 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28.217 денари и е за 6,8 проценти повисока во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17,9 проценти), Дејности на здравствена и социјална заштита (12,3...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...