Photo by Samantha Gades on Unsplash

Бројот на склучени бракови во 2020 година, во споредба со една година претходно, е намален за 25,6 отсто и изнесува 10.278, објави Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1.423 или 13,8 отсто се склучени лани во август, а најмалку во месец април, 162 или 1,6 отсто.

Во прв брак стапиле 94,1 отсто жени и 92,8 отсто мажи. Додека во втор брак, со учество од 6,5 отсто, и во трет брак, со учество од 0,6 отсто во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2020 година најголем број бракови, 3.380 или 32,9 отсто од сите, случиле жени од старосната група од 20 до 24 години, додека најмногу бракови, 3.780, или 36,8 отсто од вкупниот број бракови, склучиле мажи од старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29,7 години за младоженецот.

Според ДЗС, бројот на разводи во 2020 година бележи намалување од 21,2 отсто во споредба со 2019 година, и изнесува 1.569. Во текот на минатата година, најмалку бракови, 29 или 1,8 отсто, биле разведени во мај, а најмногу, 199 или 12,7 отсто, во јули.

Според возраста, најмногу разводи се случиле во иста старосна група, од 35 до 39 години. И тоа, 278 или 17,7 отсто кај жените и 262 или 27,7 отсто кај мажите. Според траењето на баракот, најмногу разводи, 324 или 20,7 отсто, се случиле од 5 до 9 години, по склучување на брачната заедница.