fbpx

Лани во земјава регистрирани само 685 дивоградби, во некои општини на хартија нема бесправна градба

-

Арачиново, Валандово, Врапчиште, Вевчани, Дебрца, Дојран, Долнени, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Липково, Крушево и Центар Жупа се само дел од 30-те македонски општини во кои официјално лани се граделе објекти само по прописи. Во овие делови на земјава не се регистрирани бесправно изградени објекти, барем не на хартија. Во реалноста, и во овие помали општини, но и во поголемите градови, дивоградби има многу повеќе на број.

Државниот завод за статитистика во најновиот извештај вели дека во 2020 година на територијата на целата земја биле регистрирани само 685 бесправно изградени објекти.

„Според видот на објектот, бесправно се изградени 98 објекти за домување (14,3 отсто), 114 доградби, надградби и адаптации (16,6 отсто), 66 деловни објекти (9,6 отсто), 52 гаражи (7,6 отсто), 117 огради (17,1 отсто), 4 скалила (0,6 отсто), 14 тераси (2 отсто), 11 летни тераси (1,6 отсто), 85 настрешници (12,4 отсто), 39 времени објекти (5,7 отсто) и 85 помошни објекти (12, 4 отсто). Најголем број бесправно изградени објекти (99 отсто) се во приватна сопственост“, се наведува во Годишниот извештај на Државниот завод за статистика.

И додека надлежните власти на терен реално не можат да утврдат во моментов колку навистина дивоградби има во секоја општина одделно, владата кон крајот на мај годинава го повлече Законот за легализација на дивоградбите од собраниска процедура. Првично, истиот беше изгласан од пратениците на собраниска седница, но претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за неговото стапување на сила и го врати повторно на гласање во Собранието на РСМ.

Стручната јавност, првенствено архитектите, имаа мноштво забелешки за законот за справување со дивоградбите. Министерството за транспорт и врски во моментов се консултира со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО секторот и со сите институции за да се креира ново законско решение за легализација на дивоградбите. Министерот Благој Бочварски на почетокот на јуни рече дека очекува првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградбите да биде готова до крајот на јуни.

Тој посочи дека по изготвувањето на новиот Закон за легализација на дивоградби ќе следи дебата со сите политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...