fbpx

Владата го повлече предлог-законот за легализација на дивоградби од собраниска процедура

-

Владата на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура, информираат од владината прес-служба.

Во известувањето, кое го прифати Владата, беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство организирало работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествувало во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои биле дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.

„Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки“, информираат од Владата.

Доколку Владата не го повлечеше предлог-законот за легализација на дивоградбите, истиот ќе требаше да се најде пред пратениците на собраниската седница закажана за 8 јуни. Во тој случај, Владата можеше да испрати дополнет предлог-закон, додека пратениците ќе можеа да поднесат амандмани единствено за членовите од законот за кои биле усвоени амандмани во второто читање.

Инаку, поради тоа што имаше забелешки, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за стапување во сила на законот за дивоградби, кој првично беше усвоен од Собранието на РСМ. По ваквиот чекор на Пендаровски, истиот закон беше вратен назад на повторно гласање од пратениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...