„Go Skateboarding Day“ вечерва ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје

Македонските скејтери вечерва ќе го одбележат Меѓународниот ден на скејтбордингот („Go Skateboarding Day“) во Градскиот парк. Настанот ќе започне во 19 часот на плочникот пред споменикот на Гоце Делчев, а е во чест на прерано починатиот скејтер Филип Матески – Мате којшто почина минатиот месец по тешко боледување.

Покрај скејтерското возење и оддавањето почит кон Мате, во Градскиот парк вечерва ќе има и изненадувања од локалните скејт шопови во Скопје, наведуваат организаторите во поканата до сите скејтери и заинтересирани лица за скејтбордингот.