fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Од дијаспората се попишале уште 6.600 лица, вкупната бројка изнесува 143.755 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) утринава информираше дека регистрирани се нови 6.600 само попишани лица од дијаспората. Со ова, за 25 дена откако започна пописот, вкупно 143.755 граѓани се попишале преку апликацијата за самопопишување достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk. Од ДЗС велат дека бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот...

Досега самопопишани 137.111 македонски државјани од дијаспората

Државниот завод за статистика (ДЗС) утрово соопшти дека досега се попишале 137.111 лица од дијаспората. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани. Од ДЗС ги повикаа иселениците да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата за самопопишување. Во врска со технички проблеми, граѓаните може да се обратат на отворените линии за комуникација достапни...

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 28.272 денари

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, изнесува 28.272 денари и е за 2,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во јануари 2021 година изнесува 42.204 денари и е за 2,7 проценти повисока во однос на истиот месец лани. „Ваквото зголемување...

До утрово попишани 121.520 лица од дијаспората, непрекинато течат подготовките за пописот

Државниот завод за статистика до утрово до 8 часот евидентирал 121.520 лица од дијаспората што се самопопишале преку веб-апликацијата. Бројката на попишани иселеници продолжува да расте, а нивниот број е најголем во европските земји. Лицата кои живеат надвор од земјава ќе можат да се самопопишат преку веб-апликацијата во било кое време во периодот до 21 април. Од Државниот завод за...

ДЗС: Стапката на невработеност лани била 16,4 отсто и е за 0,9 отсто помала во однос на 2019 година

Стапката на невработеност во земјава лани се намалила на 16,4 отсто и била за 0,9 отсто помала во споредба со 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во 2020 година била 56,4 отсто, стапката на вработеност 47,2 отсто, додека стапката на невработеност 16,4 отсто. Сепак, статистичките податоци покажуваат дека во четирите квартали од минатата година...

Државниот завод за статистика ќе ги добива податоците за новозаболени од ковид-19 преку „Мој термин“

Државниот завод за статистика од следната недела преку системот „Мој термин“ на дневна основа ќе ги добива сите новодијагностицирани случаи по општини, за да може да се планира начинот на нивното попишување, изјави Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција во Влада. Протоколот за пописот, рече таа, интензивно бил подготвуван со Комисијата за заразни болести. Ѓоргиева го...

Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис 2021

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, информираат од Владата. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има...

ДЗС: Земјава постепено низ годините го губи младото женско население

Во периодот од 2007 до 2019 година, учеството на женското младо население на возраст од 0 до 14 години во земјава е намалено од 18,2 отсто на 15,8 отсто, а учеството на женското старо население на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 12,5 отсто на 15,8 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Поголем број...

Самопопишувањето на дијаспората ќе продолжи до 21 април, досега попишани 71.503 лица

Државниот завод за статистика преку апликацијата за самопопишување до утрово, во 8 часот, евидентирал 71.503 лица што се попишале. Бројката на попишани лица од дијаспората секојдневно расте, а за лицата кои живеат надвор од земјава, пописот преку веб-апликацијата непречено ќе трае секојдневно до 21 април. „Според искуството на иселениците, потребни се само 10 минути преку едноставната апликација да се попишат...

ДЗС: Во јануари издадени за 24,6 отсто помалку одобренија за градење во однос на лани

Почетокот на 2021 година донесе негативни резултати за градежниот сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021 година се издадени 199 одобренија за градење, што е за 24,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесувала 2.016.567.000 денари, што е за 40,9 отсто помалку во...

Бројот на туристите во земјава во јануари бил намален за 49,2 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2021 година изнесувал 28.102, а бројот на ноќевањата изнесувал 65.031. Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто. Од вкупниот број на туристи, во првиот месец од годинава имало...

Заев не се согласува со одложување на пописот, дијаспората непречено се самопопишува

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека одложувањето на пописот во земјава не е прифатлива опција, бидејќи предложените термини за негово одложување се проблематични. Пописот е предвидено да се спроведе од 1 до 21 април годинава, а опозициските партии од македонскиот блок побараа негово одложување. „Што ако одложиме и за кога да одложиме? Да одложиме за уште 10 години? Само тоа...

Состојбата со ковид-19 засега не го одлага пописот, до утрово евидентирани 40.397 лица од дијаспората во апликацијата

До утрово во 8:50 часот, вкупно 40.397 лица од дијаспората биле евидентирани во апликацијата за самопопишување на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на самопопишани лица на пописот од ден во ден расте, а од ДЗС информираат дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникација со македонските иселеници. „Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во...

Реформи во железничкиот сектор нема, количеството на превезени стоки лани било намалено [инфографик]

Железници на РСМ-Транспорт лани со своите товарни возови успеала да превезе 1.744.000 тони стока, што е за речиси 100.000 тони помалку во однос на 2019 година. Наспроти неа, со камиони во 2020 година во земјава биле превезени 64.844.000 тони стока со вклучен транзит, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Товарниот патен превоз е во апсолутна доминација, додека железничкиот...

Стапката на невработеност е 16,1 отсто, намалена е за 0,5 отсто во однос на последниот квартал од 2019

Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал од 2020 година, активното население во државата изнесува 941.524 лица, од кои вработени се 789.552, а 151.972 лица се невработени. „Стапката на активност во овој период е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1,“ се вели во соопштението. Во четвртиот квартал од 2020 година, статистичарите регистрирале мало...

Индустриското производство во јануари намалено за 13,5 отсто, бројката на вработени помала за 3,7 отсто

Пандемијата на ковид-19 продолжува негативно да влијае врз македонската индустрија. Индустриското производство во јануари 2021 година било намалено за 13,5 отсто во споредба со идентичниот месец лани. Бројот на работниците во индустријата во првиот месец од 2021 година бил намален за 3,7 отсто во однос на истиот месец од 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). „Гледано...

Попис 2021: До утрово, 22.253 лица од дијаспората евидентирани во апликацијата за самопопишување

До утрово во 8 часот, вкупно 22.253 лица биле евидентирани преку апликацијата за самопопишување на Државниот завод за статистика (ДЗС). Дијаспората непречено ја користи апликацијата за самопопишување, а од ДЗС веќе излегоа со предупредување дека секое лице што ќе се обиде да ја злоупотреби апликацијата, вклучувајќи го и внесувањето лажни податоци, ќе биде казнет според законските прописи. Покрај дијаспората, непречено...

Апликацијата за попишување на дијаспората не е пробиена, нормално е да не функционира за граѓаните од земјава

Државниот завод за статистика (ДЗС) како неточни и деструктивни ги оцени серијата на написи во одредени медиуми во врска со пробивањето на веб-апликацијата која што служи за попишување на иселениците во странство. Попишувањето на иселениците започна вчера. Во однос на внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таквата алатка за внес на податоци во Пописот...

ДЗС: Ковид пандемијата го зголеми бројот на починати за 89,1 отсто во четвртото тримесечје, починале 9.465 лица

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 89,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година. Починале 9.465 лицa, од кои 12 биле доенчиња, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС), објаснувајќи дека бројките се последица на пандемијатa со ковид-19 и задоцнувањето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали. Од оваа вкупна...

Авиосообраќајот со тројно помалку патници и во јануари, мало закрепнување се очекува од април [инфографик]

Негативните бројки на превезени патници од македонските аеродроми продолжуваат да доминираат и на почетокот од 2021 година. Во јануари, двата аеродрома имале вкупно 57.716 патници, од кои 54.141 патник го користеле Меѓународниот аеродром Скопје и 3.575 патници патувале преку аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Доколку се споредат со бројките од минатата година,...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...