Фото: Љупчо Џамбазовски на Unsplash

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2021 година изнесувал 28.102, а бројот на ноќевањата изнесувал 65.031. Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто.

Од вкупниот број на туристи, во првиот месец од годинава имало 17.401 домашни туристи и 10.701 странски гости во туристичките центри во земјава.

Бројот на домашните туристи во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 12,1 отсто, а бројот на странските туристи е намален за 69,8 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 15,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 60,2 отсто.

Поради ковид-19 пандемијата, македонскиот туристички сектор лани доживеа огромно намалување на бројот на туристи и големи финансиски штети. Хотелиерите и останатите туристички работници велат дека состојбата не е воопшто подобрена и во првиот квартал од годинава, а откажувања на резервациите од странските туристи има сè до почетокот на летото.