Фото: Принтскрин, Влада на РСМ

Државниот завод за статистика од следната недела преку системот „Мој термин“ на дневна основа ќе ги добива сите новодијагностицирани случаи по општини, за да може да се планира начинот на нивното попишување, изјави Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика на денешната прес-конференција во Влада.

Протоколот за пописот, рече таа, интензивно бил подготвуван со Комисијата за заразни болести. Ѓоргиева го објасни и начинот на кој секој попишувач треба да се однесува пред да влезе во домовите.

„Треба да стави маска, да ги дезинфицира рацете и лаптопот и потоа да влезе во вашето домаќинство. Кога ќе излезе од вашето домаќинство повторно ќе го стори истото, така што сметаме дека почитувјаќи ги овие правиле нема причина за сомнеж да се случи можеби некој да го пренесе вирусот,“ појасни Ѓоргиева.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски информираше дека фокусот е насочен кон тоа да се почитуваат протоколите и да се реализира пописот.