fbpx

ДЗС: Во јануари издадени за 24,6 отсто помалку одобренија за градење во однос на лани

-

Почетокот на 2021 година донесе негативни резултати за градежниот сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021 година се издадени 199 одобренија за градење, што е за 24,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесувала 2.016.567.000 денари, што е за 40,9 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 105 (52,8 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 38 (19,1 отсто) за објекти од нискоградба и 56 (28,1 отсто) за објекти за реконструкција. Од вкупно 199 објекти, на 90 (45,2 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (54,8 отсто) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 182 станови, со вкупна корисна површина од 17.325 метри квадратни. Во споредба со јануари 2020 година, бројот на предвидени станови за градба е намален за 68,1 отсто, додека нивната корисна површина била помала за 63,8 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...