fbpx

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 28.272 денари

-

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, изнесува 28.272 денари и е за 2,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во јануари 2021 година изнесува 42.204 денари и е за 2,7 проценти повисока во однос на истиот месец лани.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (8,4 отсто) и Информации и комуникации (8,3 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7,7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,9 отсто) и Информации и комуникации (5,4 отсто),“ велат од ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...