Фото: Glenn Carstens Peters, Unsplash

Државниот завод за статистика (ДЗС) утрово соопшти дека досега се попишале 137.111 лица од дијаспората. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани.

Од ДЗС ги повикаа иселениците да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата за самопопишување.

Во врска со технички проблеми, граѓаните може да се обратат на отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk

Лицата кои живеат надвор од земјава ќе можат да се самопопишат преку веб-апликацијата во било кое време во периодот до 21 април. Пописот за нив започна на 1 март.