fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

ДЗС: Просечната плата продолжува да расте, во јули достигна 27.231 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули година изнесува 27.231 денар, објави Државниот завод за статистика (ДЗС), и таа е за 8,5 отсто поголема од нето просечната плата во истиот месец минатата година. Или, индексот на просечната плата јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 108,5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на платите...

Во земјава лани биле регистрирани 3.144 автобуси, со просечна старост од 18,1 години (инфографик)

Автобускиот превоз во земјава и лани се одвивал со полнолетен возен парк. Просечната старост на автобусите што сообраќаат во градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз во 2019 година изнесувала 18,1 години. Споредбата на податоците на Државниот завод за статистика покажува дека старосната граница на возниот парк од околу 18 години речиси не е воопшто изменета во изминативе една и пол...

ДЗС: Во јули за 94,9 отсто помалку странски туристи

Туризмот во земјава продолжува да бележи катастрофални резултати како последица на ковид-кризата, која најмногу го погоди токму туристичко-угостителскиот сектор. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за месец јули 2020, бројот на домашните туристи, во однос на јули 2019 година, е намален за 4,8 отсто, а на странските за 94,9 отсто. Бројот на странските туристи во јули 2020...

Сè повеќе инвестиции во управувањето со отпадни води, потребни се уште за да имаме чисти води (инфографик)

Инвестициите во управување со отпадните води во земјава постепено растат во изминативе години, но еколозите и невладините организации посочуваат дека се потребни многу повеќе во наредниот период за да имаме чисти речни и езерски води кои ќе овозможат враќање на изумрениот биодиверзитет, дозвола за капење на граѓаните и можност за наводнување на земјоделските површини. Според податоците на Државниот завод за...

Во јули издадени помалку дозволи за градење на станови, но повеќе за инфраструктурни објекти

Градежниот сектор е една од гранките во економијата каде ударот на корона кризата е послаб, ако се суди според податоците на Државниот завод за статистика. Во јули 2020 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е идентична бројка во споредба со истиот месец од минатата година. Воедно, предвидената вредност на објектите што ќе се градат е над 82...

Расте бројот на автобуски несреќи во кои има повредени и загинати лица во земјава (инфографик)

Во изминативе две и пол децении, бројот на сообраќајни несреќи со повредени и загинати лица во кои учествувале автобуси е во континуиран раст. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат алармантни податоци за последниве шест-седум години, при што бројот на полесно и потешко повредени патници и возачи на автобус е за неколку пати зголемен во однос на 90-тите...

Под притисок на корона кризата, македонската економија отиде во минус од 12,7 отсто

Домашната економија продолжува да ги бележи негативните последици од корона пандемијата. После падот на бруто домашниот производ (БДП) од минимални 0,2 отсто во првото тримесечје од годинава, Државниот завод за статистика денеска објави дека намалувањето на БДП во второто тримесечје изнесува минус 12,7 отсто, што беше очекувано ако се има предвид дека првите три месеци од годинава реално не...

Поскапувањето на струјата доведе до раст на трошоците на живот и цените на мало во август

Трошоците на живот во август 2020 година пораснале за 0,5 отсто, додека цените на мало минатиот месец биле зголемени за 0,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Главна причина за порастот на трошоците на живот е токму зголемувањето на цената на електричната енергија. Индексот на трошоците на животот во август 2020 година, во однос на претходниот месец,...

Бројот на библиотеки во земјава со години ист, членството за три години опаднало за речиси 50.000

Во Македонија лани имало вкупно 175 библиотеки со вкупно 82.928 зачленети лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на библиотеки во земјава со години е ист, а единствено се менува видот на библиотеките низ периодот, и тоа од специјализирани во друг вид библиотеки и обратно. Во споредба со 2016 година, лани се намалил бројот на специјализирани библиотеки...

Во јули индустриското производство помало за 9,5 отсто, бројот на вработени опаднал за 6,2 отсто

Корона кризата продолжува да го зема својот данок преку намалување на индустриското производство и бројот на вработени во индустријата во нашата земја. Од јануари до јули 2020 година, индустријата регистрирала опаѓање на бројот на вработени за 4,6 отсто во споредба со лани, а најголема причина за ова е падот на индустриското производство од 13,8 отсто во првите седум месеци...

Ковид-19 предизвика историски негативни резултати во транспортот на патници во земјава

Јавниот превоз во градовите, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз и патничкиот железнички сообраќај во вториот квартал од годинава регистрираа убедливо најмал број на превезени патници што некогаш е забележан во едно тримесечје во историјата на нашата земја. Транспортните компании претрпеле милионски загуби на патници во периодот од април до јуни 2020 година, кога беа на сила и најстрогите мерки...

Лани за првпат сме имале помалку од 20.000 живородени во земјава (инфографик)

Бројот на живородени во нашата земја лани изнесувал 19.845 деца и за првпат во изминативе 25 години падна под границата од 20.000 на годишно ниво, откриваат податоците од новата публикација за природното движење на населението на Државниот завод за статистика. Споредбата на податоците од периодот 1994-2019 година покажува драстично намалување на бројот на живородени и пораст на бројот на починати...

Од година во година опаѓа бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати

Во последните седум години за 29 отсто опаднал бројот на ученици и студенти што се сместуваат во домови и интернати за време на школувањето. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување и исхрана, но бројот на оние што престојуваат во нив се намалува низ текот на годините. Па така, ако во учебната и академска 2012/2013 година нивниот вкупен...

Најмногу патуваме со автомобили, сè помалку користиме јавен превоз, автобуси и возови (инфографик)

Во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека автомобилот и такси превозот постанале главното средство за патување низ годините. Во 2018 година, 80,4 отсто од изминатите патнички километри во патниот превоз (9.452 милиони патнички километри) граѓаните ги поминале со своите автомобили или со такси. За разлика...

За првпат по осум години, лани опаднал бројот на регистрирани автомобили во Скопје (инфографик)

По осум години континуирано зголемување на бројот на регистрирани автомобили во Скопје, лани за првпат забележано е намалување на патничките моторни возила со скопски регистарски таблички, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во 2019 година во главниот град биле регистрирани 148.892 автомобили, односно за скромни 592 вакви возила помалку во споредба со претходната година. Забележано е и намалување на...

И со и без корона вирус, исти се проблемите за возење велосипед во земјава (видео)

Прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од ковид-19. Брзото ширење на корона вирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз во градовите, како и до зголемен интерес на граѓаните за користење на индивидуално превозно средство...

Просечната старост на автомобилите е 19,3 години, во првото полугодие увезени 8.000 половни коли (инфографик)

Наместо да се поднови, возниот парк со увозот на половни автомобили од странство во изминатиов период единствено остарува, односно се зголемува просечната старост на автомобилите во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила лани била 19,3 години, што е историски најлош резултат од достапните статистички податоци во периодот од 2003 година...

Ковид-19 го преполови бројот на патници во возовите, граѓаните со воз не можат во странство

Ширењето на корона вирусот во нашата земја го преполови бројот на патници во возовите во домашниот железнички сообраќај и целосно го сопре функционирањето на меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина. Од Железници на РСМ - Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека сите возови во домашниот железнички сообраќај сообраќаат по важечкиот возен ред, а до 1 јули повторно се пуштени...

Автомобилите ни се омилени, но опаѓа бројот на домаќинства што имаат велосипед (инфографик)

Лани само 33,5 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во својот дом, но затоа 65,7 отсто од нив изјавиле дека имаат автомобил. Податоците на Државниот завод за статистика за 2019 година покажуваат рекордни бројки за двете превозни средства, но за жал негативни за развојот на велосипедскиот превоз во земјава. Во изминативе години постепено се намалува бројот на домаќинства што...

Бројот на запишани студенти се намалил за 3,6 отсто во однос на 2018 година

Вкупно 51.734 студенти се запишале на високообразовните институции во државата во академската 2019/2020 година, што претставува намалување за 3,6 отсто во однос на претходната академска година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем број студенти, 85,3 отсто се запишани на државните високообразовни установи, додека 14 отсто се запишани на приватните. Од вкупно запишаните, 57 отсто или 29.515 се студентки. Прва...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...