fbpx

Ковид-19 го преполови бројот на патници во возовите, граѓаните со воз не можат во странство

-

Ширењето на корона вирусот во нашата земја го преполови бројот на патници во возовите во домашниот железнички сообраќај и целосно го сопре функционирањето на меѓународните возови кон Белград, Солун и Приштина. Од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека сите возови во домашниот железнички сообраќај сообраќаат по важечкиот возен ред, а до 1 јули повторно се пуштени во сообраќај возовите на релацијата Скопје – Кичево – Скопје.

Сепак, епидемијата со ковид – 19 го преполови бројот на патници во железничкиот превоз. Ако лани во просек со воз патувале по околу 1.500 патници дневно, просечниот дневен број на патници сега се движи помеѓу 700 и 750 патници. Во периодот на долгите полициски часови имаше уште помал број на патници, но и промени во возниот ред како последица на забраната за движење на граѓаните.

Од Железници на РСМ – Транспорт информираат дека и понатаму е во прекин меѓународниот патнички железнички превоз. Возовите кон Белград, Солун и Приштина не сообраќаат, поради честите промени со состојбата на заразени лица со ковид-19 во соседните земји.

– Поради променливоста во состојбите со бројот на заразените во регионов со ковид-19, нема релевантни параметри врз база на кои би се утврдиле датумите за почеток на сообраќање на меѓународните возови – велат за „Мета.мк“ од Железници на РСМ – Транспорт.

Доколку продолжи ваквата состојба со корона вирусот, извесно е дека годинава железницата ќе доживее историски неславен резултат кај бројот на превезени патници со воз. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани со воз патувале 549.000 патници, а слични бројки од околу половина милион превезени патници имаше и во претходните 2018 и 2017 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...