fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Поради пандемијата, бројот на патници на македонските аеродроми годинава е намален за околу 70 отсто [инфографик]

Аеродромите во Скопје и Охрид од јануари до ноември годинава изгубиле над 1,7 милиони патници поради ковид-19 пандемијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во текот на ноември 2020 година, со воздухоплови на македонските аеродроми биле превезени 45.001 патник, од кои 43.784 патници на Меѓународниот аеродром Скопје и 1.217 патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Статистичките податоци...

ДЗС: Просечната нето плата во октомври била 453 евра, за 8,4 отсто повеќе од истиот месец лани

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 108,4, што значи дека таа е повисока за 8,4 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС, според кој, просечната нето плата по вработен, во октомври 2020 година, изнесува 27.899 денари или 453 евра. Додека во периодот од јануари до...

Скопскиот регион создава најмногу комунален отпад, но е и единствен кој има стандардна депонија (инфографик)

Во Скопскиот плански регион се создава најмногу комунален отпад во земјава, но и најголемиот дел од него е регистриран како собран. Воедно, во овој регион постои единствената стандардна депонија во нашата земја - депонијата „Дрисла“, која што поседува А-интегрирана еколошка дозвола и е единствена во земјава во која депонирањето на отпадот се врши барем според минимумот европски стандарди. Податоците на...

Стапката на сиромаштија во 2019 година се намалила за 0,3 отсто во однос на претходната 2018 година

Стапката на сиромашни лица во Македонија лани изнесувала 21,6 отсто и била намалена за 0,3 отсто во однос на 2018 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. И покрај континуираното намалување на стапката на сиромаштија, и во 2019 година високи 448.100 лица во земјава живееле под прагот на сиромаштијата. Притоа, 41,7 отсто од невработените лица во земјава спаѓале...

ДЗС: За десет месеци од годинава бројот на туристите паднал за 60,8 отсто

За десет месеци од годинава, односно во периодот од јануари до октомври 2020 година, во однос на истиот период од лани, бројот на туристите во земјава е намален за 60,8 отсто, кај домашните туристи падот е за 20 отсто, а кај странските за 84,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС. Во истиот тој период има и намалување...

Пад на БДП од 3,3 отсто во третото тримесечје од годинава

Бруто домашниот производ, БДП, во третото тримесечје од годинава отиде во минус од 3,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС. „Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2020 година, номинално опадна за 1,4 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 отсто“, соопштија од...

Пад на индустриското производство во октомври од 5,2 отсто, бројот на вработените помал за 4,9 отсто

Индексот на индустриското производство во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 94,8 односно тоа е намалено за 5,2 отсто, соопшти данеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Како резултат на кризата што ја предизвика ковид-19 во нашата земја, за првите десет месеци од годинава се бележи и пад кај индексот на индустриското производство, во однос на...

Македонските аеродроми поради ковид-19 до октомври изгубиле над 1,5 милиони патници [инфографик]

Ковид-19 пандемијата во првите десет месеци од годинава предизвикала македонските аеродроми да изгубат над 1,5 милиони патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Огромните штети што ги трпи авиосообраќајот продолжиле и во октомври 2020 година, кога низ портите на аеродромите во Скопје и Охрид минале само 54.941 патник. Од јануари до октомври 2020 година во воздухопловниот превоз се регистрирани...

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

Просечната нето плата во септември 2020 година во земјава изнесувала 27.405 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на просечната нето исплатена месечна плата во септември годинава, во однос на септември 2019 година, изнесува 107.7, односно просечната нето плата е повисока за 7,7 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по...

Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници во земјава [инфографик]

Како последица на ковид-19 пандемијата, превозот на патници во земјава руши негативни рекорди. Авиосообраќајот, железничкиот транспорт, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз, како и јавниот превоз во градовите, бележат огромно намалување на бројот на превезени патници во првите девет месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-септември 2020 година, градско-приградскиот превоз го користеле 31.210.000 патници, а...

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме [инфографик]

Од година во година создаваме сè повеќе комунален отпад, а речиси на една третина од ѓубрето што го создаваме му се губи трагот. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, лани во земјава биле создадени 915.943 тони комунален отпад. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2019 година изнесувало 456 килограми по глава на жител, што е рекордна...

Трошоците на живот во октомври годинава зголемени за 2,1 отсто во однос на лани

Индексот на трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 2,1 отсто, додека индексот на цените на мало бележи раст од 1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Исто така, индексот на трошоците на живот во октомври, споредено со септември 2020, е зголемен за 0,1 отсто, додека цените...

ДЗС: Во септември намален број на работници во индустријата за 4,7 отсто

Индексот на бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на истиот месец лани, изнесува 95,3 или нивниот број е помал за 4,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Притоа, бројот на вработените во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, споредено со септември 2019 година, бележи опаѓање од 0,7 отсто, во секторот Преработувачка...

Ваучерите за домашен туризам го ублажија падот на бројот на туристи во август во земјава

Доделените ваучери за домашен туризам од владата ја спасија туристичката сезона во земјава. Бројот на туристите во август 2020 г. бил намален за 38 отсто, а бројот на ноќевања опаднал за 24 отсто во споредба со идентичниот период лани. Сепак, домашните туристи во август биле побројни за 9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а оствариле...

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Владата на РСМ ќе продолжи со исплата на средствата за финансиска поддршка на „Визер“ за воведувањето нови летови од двата македонски аеродрома откако нискобуџетната авиокомпанија ќе ги реактивира авио линиите согласно уредбите и условите предвидени во Договорот склучен за периодот од 2019 до 2022 година, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. „Сакаме да потенцираме дека Министерството за...

Македонските аеродроми во август имале над 240.000 патници помалку во однос на лани (инфографик)

Корона кризата продолжува да влијае негативно врз авиосообраќајот во нашата земја. Низ портите на двата аеродрома во Скопје и Охрид во август 2020 година минале вкупно 76.344 патници, односно биле превезени над 240.000 помалку патници во споредба со истиот месец од минатата година. Во август 2019 година, на Меѓународниот аеродром Скопје имало над 260.000 патници, додека во осмиот месец...

Автобускиот превоз сардисан од проблеми, корона кризата дојде како капак на сè [мултимедија]

Празна чекална со по некој граѓанин што набрзина ќе го купи својот автобуски билет на билетарата и веднаш ќе се упати кон пероните. Ваква е сликата на главната автобуска станица во Скопје. Ги нема вообичаените гужви на патници, а поради празните перони граѓаните речиси е невозможно да го промашат автобусот за патување кон својата дестинација. Службените лица на влезот...

ДЗС: Пад на индустриското производство во август од 9,1 отсто

Пад на индустриското производство од 9,1 отсто имало во август годинава во споредба со истиот месец во минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 8,9 отсто, секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање...

Опаѓа бројот на железнички несреќи, патувањето со воз најбезбедно за граѓаните (инфографик)

И покрај финансиските потешкотии со кои се соочува железницата и долгогодишното минорно вложување во неа, возот лани бил најбезбедното превозно средство во земјава. Ниту еден загинат патник не е регистриран во билансот на железнички несреќи што се случиле во нашата земја. Во 2019 година имало вкупно 81 вонреден настан во железничкиот превоз, во кои 4 лица загинале и 15...

Денот без автомобили го одбележуваме симболично, стапката на моторизација незапирливо расте (инфографик)

Светскиот ден без автомобили, 22 Септември, и годинава со симболични настани се одбележува од страна на државните институции и општините низ земјава. Функционерите по правило токму денешниот ден го користат за фотографирање како се движат пешки до работа или како возат велосипеди. Сепак, официјалните статистички податоци покажуваат дека стапката на моторизација на населението во земјава незапирливо расте од година...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...