fbpx

Опаѓа бројот на железнички несреќи, патувањето со воз најбезбедно за граѓаните (инфографик)

-

И покрај финансиските потешкотии со кои се соочува железницата и долгогодишното минорно вложување во неа, возот лани бил најбезбедното превозно средство во земјава. Ниту еден загинат патник не е регистриран во билансот на железнички несреќи што се случиле во нашата земја. Во 2019 година имало вкупно 81 вонреден настан во железничкиот превоз, во кои 4 лица загинале и 15 лица биле повредени, покажува Годишниот извештај за работењето на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ за 2019 година.

Од нив, како инциденти се водат вкупно 31 вонреден настан, додека железнички несреќи лани на пругите низ земјава имало вкупно 50, од кои четири настани се впишани во категоријата „сериозни несреќи“. Овие бројки се однесуваат и за патничкиот и за товарниот железнички сообраќај.

Сепак, статистичките податоци покажуваат дека нема загинати патници што го користат возот како превозно средство. Затоа пак лани како и во минатите години се регистрирани повредени лица меѓу железничките работници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика и на ЈП за железничка инфраструктура.

Официјалните податоци покажуваат дека 79 лица загинале и 157 биле потешко повредени во железничките несреќи што се случиле во периодот од 2011 до 2019 година. Сепак, ваквиот биланс се должи првенствено на сударите на возовите со возила на патните премини и на други места долж пругите, како и на прегазување на граѓани што неовластено се движеле по пругите. Токму ваквите случаи предничат кај железничките несреќи, а кои првенствено се случуваат како резултат на непочитувањето на сообраќајните правила од страна на возачите и пешаците.

И покрај позитивните бројки од аспект на безбедноста во сообраќајот, патничкиот железнички сообраќај бележи константен пад кај бројот на патници и возови во нашата земја. Лани имало само 16 пара возови што поаѓале од скопската железничка станица, додека минорни 549.000 патници биле превезени со воз на домашните и на меѓународните релации во 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...