fbpx

Лани воз користеле само 549.000 патници (инфографик)

-

Идентично како и претходните две години, 2019 година ќе биде запаметена како една од годините со најлоши резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Железници на РСМ – Транспорт лани успеало да превезе само 549.000 патници со воз на домашните и на меѓународните линии, односно за 9.000 патници повеќе во споредба со 2018 година.

Малиот процентуален пораст кај патничкиот железнички сообраќај се случува во услови на континуирани кратења на бројот на патнички возови во земјава. Меѓународниот воз за Солун и Белград минатата година сообраќаше единствено во текот на летните месеци, додека експресниот воз Скопје – Битола – Скопје не сообраќаше во текот на целата година. Историски најлош резултат на превезени патници железницата забележа во 2017 година, кога со овој вид превоз патувале само половина милион патници.

Статистичките бројки за 2019 година покажуваат дека најголем дел од граѓаните со воз патувале на внатрешните релации во земјава – вкупно 547.000 патници. Само 2.000 лица лани го користеле возот за да отпатуваат во странство. Минималното зголемување кај патничкиот железнички сообраќај е резултат на поголемата пополнетост на оние возови кои редовно сообраќале низ земјава.

Некое придвижување кај патничкиот железнички сообраќај не би требало да се очекува ниту во 2020 година, земајќи го предвид актуелниот возен ред. Од скопската железничка станица годинава поаѓаат само 15 воза дневно, без сезонската линија кон Белград и Солун. Годинава не сообраќа и еден пар возови на релацијата Скопје – Велес – Скопје, којшто беше укинат со стапувањето во сила на новиот возен ред на 15 декември минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...