fbpx

Од утре времен сообраќаен режим на Пластичарска улица

-

Град Скопје извести дека поради реконструкција на т.н. „пластичарска улица“, од утре на оваа прометна сообраќајница ќе има времен сообраќаен режим. Истовремено, од саботата поради изградба на кружен тек кај Поликлиниката Чаир, изместени се трасите на линиите 9,19, 35 и 81.

На „Пластичарска„ утре ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе продолжи асфалтирањето на површините по должината на улицата на делот од проширувањето, како и гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.

Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден, сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата, за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.

ЈСП Скопје пак викендов извести дека поради изградбата на кружниот тек кај Поликлиниката Чаир, линиите 9, 19, 35 и 81 ќе сообраќаат по изменета траса се до следното известување.

  • Линијата 9 од Клинички центар кон Скопје Север е пренасочена од кружниот тек Топанско Поле лево по улица „Лазар Трпковски“, десно на улица „Босна и Херцеговина“ и до последната постојка во Скопје Север. Од Скопје Север кон Клинички центар возилата сообраќаат по редовната траса.
  • Линиите 19 и 81 од Шуто Оризари кон Карпош на кружниот тек во Топанско Поле вртат лево по улица „Лазар Трпковски“, десно на улица „Босна и Херцеговина“ и право до булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, каде вртат десно и по постојката Кино Бутел и семафорите, возат по редовната траса. Од Карпош кон Шуто Оризари т.е. од Транспортен центар кон Блаце возилата сообраќаат по редовната траса.
  • Линија 35 е пренасочена во правец од Скопје Север кон Ново Лисиче. Возилата од Скопје Север продолжуваат право по улицата Босна и Херцеговина се до крстосницата со булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, каде вртат десно и и по постојката Кино Бутел и семафорите, продолжуваат по редовната траса. Од Ново Лисиче кон Скопје Север возилата сообраќаат по редовната траса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...