fbpx

Тимоние се надева дека ќе се надмине големата политичка поларизација во медиумите

-

На денешната средба со министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, истакнал дека има подобра атмосфера во областа на медиумите и изразил надеж дека во наредниот период ќе се надмине големата политичка поларизација во оваа сфера за сметка на професионалноста.

Околу финансирањето на медиумската изборна кампања, Поповски на средбата со Тимоние истакнал дека власта и опозицијата ќе имаат подеднаков број на минути за закуп на простор за кампањата.

Тој додал дека по углед на европските влади, владата „гради стратегија за давање директна поддршка на печатените медиуми и тоа во износ од 50 проценти од трошоците за печатење и 50 проценти од трошоците за дистрибуција за медиумите што се печатат на македонски јазик и во износ од 70 проценти за медиумите што се печатат на јазиците на помалите заедници со што Владата го стимулира нивниот медиумски развој.“

Во поглед на работата на порталите и социјалните мрежи, Владата ги следела насоките на Европската комисија и ја поддржува саморегулацијата на новинарските здруженија.

„Во таа насока е поздравена иницијативата на Здружението на новинарите и на Советот за етика во медиумите за листа на професионални медиуми во државата, со надеж дека оваа иницијатива ќе помогне за зајакнување на професионалноста на овие медиуми, како и од аспект на нивната одржливост на медиумскиот пазар. Поповски го подвлече и значењето на усвојувањето на Стратегијата за справување со лажните вести подвлекувајќи дека оваа Влада посветува особено внимание на подигнување на нивото на медиумска писменост на граѓаните која е во план да се вгради и во образованието,“ велат од владата.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...