вторник, 12 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Кристијан Тимоние | 36 резултати

Тимоние: Некои дадоа ветувања за датумот, а потоа грижата им ја префрлија на другите

октомври 24, 2019

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната прес-конференција истакна дека геополитиката ги надминала реалните очекувања и во јавноста се „создал впечаток дека Преспанскиот договор е единствениот услов за почеток на преговори“. Тој додаде дека ги пренел во Париз на француските власти силните емоции и разочараноста која се чувствува во земјава по Самитот на ЕУ во Брисел. […]

Кристијан Тимоние: Да не бидеме заложници на логиката дека на Северна Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок

октомври 7, 2019

Во интервју за порталот „Порталб“, амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, зборува за очекувањата на неговата земја од Северна Македонија пред решавачкиот момент за евроинтеграциите, односно очекувањата во средината на месецов земјава да добие датум за старт на преговорите. Францускиот амбасадор во изминатиов период постојано потсетуваше дека реформите мора да бидат видливи и реални […]

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

јуни 24, 2019

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на […]

Тимоние: Датумот за преговори е симболичен, потребни се реформи

мај 21, 2019

Оптимизмот на евроамбасадорот Јоханес Хан и очекувањата на премиерот Зоран Заев дека јуни или најдоцна јули Македонија треба да добие датум за преговори со Евроспката Унија, денеска со своите изјави делумно ги релативизира амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. – По Брегзит, прво да си воведeме ред во куќата што ќе ви даде малку повеќе време […]

Изгледа Тимоние го претскажа тоа што политичарите мислат да сторат со СЈО

март 2, 2019

„Можеби ќе треба да се затвори тоа досие“ вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за ТВ21, зборувајќи за Специјалното јавно обвинителство. Додека Министерството за правда чека на двотретинско мнозинство за да го стави во собраниска процедура новиот Закон за јавно обвинителство, во кое треба да биде вметнато и СЈО, извори од владеачката коалиција ги […]

Тимоние: Одлуката на ЕУ ги одразува напорите кои беа направени од Македонија

јуни 27, 2018

Се работи за еден урамнотежен текст кој ги одразува напорите кои беа направени од страна на оваа земја и напорите кои останува да се направат. Со еден збор да кажам „напред, одете само напред“. Ова го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање за негов коментар за вчерашната одлука на Советот на ЕУ […]

ВМРО-ДПМНЕ: Законот што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен

март 16, 2018

Зоран Заев и Талат Џафери режираа разочарувачки ден во Собранието, доведувајќи ја во прашање препораката за отпочнување на преговори за ЕУ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека „ова е реакција на амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние во врска со насилничкото и недемократско носење на штетниот закон за двојазичност.“ „СДСМ го погази […]

Тимоние: Препораката за ЕУ виси поради начинот на донесување на законот за јазиците

март 15, 2018

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за СДК.мк вели дека може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. – Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме […]

Тимоние: Не го разбрав законот за јазици, постои простор за подобрување на текстот

јануари 21, 2018

Мислам дека не сум единствениот што не успеал да го разбере законот за јазици, бидејќи се работи за многу комплициран текст, барем во однос на неговата содржина, но и на последиците и мислам дека постои простор за подобрување во самиот текст вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Францускиот амбасадор […]

Мицкоски му соопштил на Тимоние дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се за членство во НАТО и ЕУ

јануари 16, 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска заедно со членот на Извршниот комитет на партијата, Игор Николов се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. Од партијата информираат дека Мицкоски истакнал дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се во насока на остварување на тој […]

Тимоние: И новинарите и дипломатите мора да се борат за слободата на изразување

декември 19, 2017

И новинарите, но и дипломатите имаат одговорност за демократијата и за борбата за слободата на изразување и во таа борба не смее да се молчи, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние на денешната промоција на публикацијата „Слободата на изразување низ праксата на Европскиот суд за човекови права“ од д-р Мирјана Лазарова – Трајковска, која се […]

Ахмети: Меѓународна истрага и анкетна комисија во Собрание за случајот „Диво Насеље“

ноември 6, 2017

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, му кажал дека очекува за случајот „Диво Насеље“ да биде вклучена меѓународна истрага, да биде формирана анкетна комисија во Собранието и да има целосно расветлување на вистината. Како што се наведува во соопштението на ДУИ, соговорниците разговарале за локалните […]

Тимоние: Франција ги поддржува изградбата на правната држава и унитарноста на Македонија

јули 15, 2017

Четвртина век како Франција е на страната на Македонците за да се зајакне државата и нејзината унитарност и ги придружува во изградбата на правната држава, што е услов кој важи за сите идни интеграции кон кои земјата легитимно се стреми, порача амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, на вчерашниот говор на свечениот прием на […]

Заев до Тимоние: Подготвени сме за брзо и ефикасно спроведување на реформите

јуни 7, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние разговарал за приоритетите на новата Влада, како и за отворањето на перспективите на Република Македонија кон Европската Унија и кон НАТО. – Подготвени сме за брзо, квалитетно и ефикасно спроведување на клучните реформи што ќе обезбедат квалитетен живот за сите граѓани, а ќе ги осигураат и […]

Франција ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

мај 19, 2017

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во име на претседателот на Република Франција, в понеделник ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска со орден Витез на Националниот ред за заслуги, соопштија денеска од француската амбасада. „Како директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓата Арнаудовска постојано се […]

Ахмети – Тимоние: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без одложување да најдат решение за кризата

април 20, 2017

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано за политичката ситуација во Македонија, геополитичкитe околности и за можности за решавање на политичката и институционална криза. Ахмети на средбата ги образложил „сите конструктивни чекори што ДУИ ги […]

Заев – Тимоние: Потребно е да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија

април 12, 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретнал со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние. Од СДСМ информираат дека двајцата соговорници констатирале дека е неопходно стабилизирање на државата преку продолжување на демократските процеси во Македонија. На средбата било оценето дека е потребно да се покаже зрелост за државните интереси на Македонија, а тоа се реформските […]

Политичката состојба во Македонија е како изгребана плоча, оцени Тимоние

март 30, 2017

Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една гребнатина на тоа што веќе е, изјави денеска во Битола францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, каде учествуваше на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“. – Посакувам што побргу да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака […]

Тимоние: Се надевам дека Хан ќе најде добро и практично решение за кризата

март 20, 2017

Македонија треба да остане на патот кон Европската Унија и кон НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи, како и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, по приемот по повод Денот на франкофонијата. Тимоние рече […]

Тимоние: Се надевам дека состојбата бргу ќе се деблокира

март 13, 2017

Се надевам дека состојбата во земјата набргу ќе се деблокира за да може државата да оди напред, вели францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние. – Се надеваме дека состојбата ќе биде деблокирана колку што е можно побргу затоа што во оваа земја навистина има голема енергија, која би можела да се искористи за други работи, а […]

Страна 1 од 2