fbpx

Филипче: Набавуваме брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

-

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ најави дека се планира надградување на стратегијата за тестирање од корона вирусот во земјава. Тој изјави дека за кратко време ќе започнат со набавка на брзи тестови за детектирање на вирусот, кои за 10 до 15 минути го детектираат вирусот без лабораторија и без лабораториски апарат.

„Тие ќе бидат дистрибуирани пред се во болниците и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Во болниците ќе се овозможи многу брз резултат за пациентите кои што доаѓаат, пред се на итните и на тие на коишто им е потребна некаква интервенција. За 15 минути, нема да има лабораториски апарат, ќе знаат вработените дали е пациентот позитивен или негативен, со тоа точно ќе се знае дали ќе оди по патеката за корона позитивни пациенти или ние го викаме во „чистиот“ дел на болниците. За границите ќе направиме стратегија и тука ќе тестираме и евентуално детектираме некои суспектни групи кои доаѓаат од странство“, рече министерот Филипче.

Во емисијата, Филипче објасни во врска со тестовите за прегледи и интервенции.

„Со два механизма може да се направи тест. Прво преку матичниот лекар пуштивме посебни термини со упат за интервенција, без разлика дали е дијагностичка, некоја од скопиите- бронхоскопија, гастроскопија или хируршка и со тој упат за таква интервенција матичниот лекар преку пунктот закажува тестирање ден или два пред операцијата, согласно договорот со болницата или клиниката каде таа треба да се направи. И вториот механизам, за 45 минути може да има тест ако пациентот се јавил во болницата. Има посебен модул преку системот „Мој термин“ сервисен упат да се заврши тоа тестирање. Значи, ако некој дојде во болница сигурно нема да се врати, може веднаш да се тестира. За еден час ќе го има резултатот со овој нов систем, уште повеќе тоа ќе го забрзаме“, потенцираше Филипче.

Филипче апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките. Тој нагласи дека доаѓа период во кој граѓаните ќе мора многу повеќе да внимаваат на своето здравје за да не ги преоптоварат здравствените установи во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...