fbpx

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

-

Владата на РСМ ќе продолжи со исплата на средствата за финансиска поддршка на „Визер“ за воведувањето нови летови од двата македонски аеродрома откако нискобуџетната авиокомпанија ќе ги реактивира авио линиите согласно уредбите и условите предвидени во Договорот склучен за периодот од 2019 до 2022 година, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски.

„Сакаме да потенцираме дека Министерството за транспорт и врски и авиокомпанијата „Визер“ доследно го почитуваат Договорот за финансиска поддршка, а воспоставувањето на редовните линии, како и воведување на нови линии зависи од бизнис политиките на авиокомпанијата“, велат од ова министерство.

Инаку, склучениот Договор сè уште е активен, но Владата пролетва го стави во мирување поради пандемијата на ковид-19, неработењето на македонските аеродроми и големиот број на откажани летови. Специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“ вчера објави дека „Визер“ е во процес на суспензија на 50 летови од земјите на поранешна Југославија, од кои најголем дел се од скопскиот аеродром.

За крајот на март 2021 година е одложено повторното воведување на авио линиите од Скопје за Салцбург, Ларнака, Бремен, Хановер, Сандерфјорд, Барселона, Столкхолм и Ваксјо. За почетокот на декември годинава е планирано повторно да се воведат летовите за Брисел, Париз, Баден Баден, Будимпешта, Милано, Венеција, Рим, Малта и Братислава. Воедно, „Визер“ е во процес на повторно воспоставување на летовите Скопје-Турку, Скопје-Нирнберг и Скопје-Копенхаген.

„Визер“ од Охрид за Базел би летал повторно од 10 ноември, додека за Виена, Дортмунд, Малме и Лондон би ги обновил летовите од почетокот на декември. Сепак, поради брзите промени со пандемијата со корона вирусот во Македонија, но и во другите земји, ваквиот распоред на летање може да биде предмет на промени. Авиокомпаниите секаде во светот претрпеа огромни финансиски загуби како последица на ковид-19 пандемијата, меѓусебната некоординираност на ограничувањата за патување на земјите и намалувањето на побарувачката за патувања со авион.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-август 2020 година од двата македонски аеродрома биле превезени 572.399 патници, односно авиосообраќајот во земјава како последица на корона вирусот годинава изгубил над 1,2 милиони патници во споредба со идентичниот период од осум месеци во 2019 година.

Во согласност со склучениот Договор со „Визер“ на почетокот од 2019 година, од македонскиот буџет за субвенционирање на унгарската нискобуџетна авиокомпанија за период од четири години е предвидено да се одвојат 5 милиони евра, што пак треба да доведе до поголема поврзаност на двата аеродрома од земјава со странски дестинации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...