Скопскиот регион создава најмногу комунален отпад, но е и единствен кој има стандардна депонија (инфографик)

-

Во Скопскиот плански регион се создава најмногу комунален отпад во земјава, но и најголемиот дел од него е регистриран како собран. Воедно, во овој регион постои единствената стандардна депонија во нашата земја – депонијата „Дрисла“, која што поседува А-интегрирана еколошка дозвола и е единствена во земјава во која депонирањето на отпадот се врши барем според минимумот европски стандарди.

Податоците на Државниот завод за статистика и на новиот нацрт-Национален план за управување со отпад за периодот 2020-2030 година, покажуваат дека активни во моментов се вкупно 43 општински депонии, кои се нестандардни и за кои не е издадена никаква интегрирана еколошка дозвола за нивно функционирање. Овие депонии лоцирани во над половина од македонските општини се опасност по животната средина, а со изградбата на регионалните депонии, тие треба да се затворат. Стратешкиот документ предвидува овие регионални депонии да бидат изградени наредната деценија во нашата земја.

Сепак, статистичките податоци во Извештајот „Регионите во Република Северна Македонија 2020“ покажуваат дека најмногу создаден, а несобран отпад во земјава, создаваат оние региони каде што во изминатиов период постоеше и најголем отпор од изградбата на регионалните депонии. Па така, во Југозападниот плански регион лани биле создадени 162.000 тони комунален отпад, и тоа за само 6.000 тони помалку во споредба со Скопскиот регион. Сепак, во главниот град и приградски општини биле собрани 165.000 тони комунален отпад, додека како создадени а несобрани биле само 3.000 тони.

За разлика од ова, во Југозападниот плански регион во 2019 година биле собрани само 43.000 тони комунален отпад, додека е нејасно каде завршил преостанатиот комунален отпад. Токму во овој регион, Општина Дебрца минатата година успеа да ја издвојува битката против државата, и да ја сопре планираната изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на територијата на оваа општина.

Статистичките податоци покажуваат дека Пелагонискиот и Полошкиот плански регион се двата региони кои исто така создаваат големо количество на отпад, а до денешен ден немаат изградено регионални депонии за негов современ третман. Па така, во Пелагонискиот регион биле создадени 139.000 тони комунален отпад, од кои биле собрани 112.000 тони. Во Полошкиот плански регион домаќинствата и компаниите создале 135.000 тони ваков неопасен отпад, но биле собрани 89.000 тони од него.

„Мета.мк“ веќе пишуваше за децениското одолговлекување на изградбата на регионалните депонии во земјава, за што постојано критики добиваме и од Европската комисија. Колку за споредба, дури и некои земји од Западен Балкан успеаја во деценијата зад нас да не престигнат во воспоставувањето на регионален систем за третман на отпадот. Србија, на пример, од 29 регионални санитарни депонии што треба да изгради низ целата земја, до минатата година има изградено 10 регионални депонии, пишува сервисот на Би-би-си на српски јазик. 

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...